VILA DOCTORS SOUSOURAS 10 NOKJI (26)

 

Локација: 
Вилата Doctors Sousouras е со висок квалитет на сместување и се наоѓа во центарот на Ханиоти во близина на хотелот Калипсо, опкружена со зеленило, од плажата на околу 300 метри, е еден од најубавите вили во нашата понуда.

Структура:
Вилата располага со 6 апартмани, бр. 7, 8 и 9 на првиот кат и бр. 10, 11 и 12 на вториот кат.

Опис:
Висок квалитет на сместување. Се состои од една спална соба каде што две споени легла, дневна-спална соба со два одделни кревети.
Кујната е опремена со основните потреби. Од двете соби се излегува до голема тераса. Сите апартмани имаат клима уред, телевизор, ви-фи. Постелнина и крпи се составен дел на секоја сместувачка единица и се менува еднаш во текот на престојот на гостите.

Вилата не поседува сопствен паркинг, но паркинг е предвиден во предниот дел на вилата и околните улици.
Турист не прифаќа никаква одговорност во случај на професионални потреби користење на безжичен интернет во вилите на своите понуди.

GPS координати 40.000217  23.571744

 

При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.

Услови за "early booking": За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

На Промо цените не следува попуст, и истите треба да бидат уплатени целосно во рок од 14 дена од денот на резервација.


Цените се за НАЕМ на студио/апартман (сопствен превоз)

термини денови ноќевања APP 3 APP 4
 25.05-05.06 12 11 200 € 210 €
 05.06-15.05 11 10 310 € 330 €
 15.06-25.06 11 10 420 € 440 €
 25.06-05.07 11 10 510 € 540 €
05.07-15.07 11 10 570 € 610 €
15.07-25.07 11 10 660 € 700 €
25.07-04.08 11 10 690 € 720 €
04.08-14.08 11 10 690 € 720 €
14.08-24.08 11 10 690 € 720 €
24.08-03.09 11 10 510 € 540 €
03.09-13.09 11 10 360 € 400 €
13.09-23.09 11 10 300 € 330 €
23.09-04.10 12 11 200 € 210 €
 

Цените се во €, плаќање исклучиво во денарска противвредност од 62,00 мкд.
Користење клима уред - вклучен во цената.

 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

  • Попустите не може да се комбинираат,
  • Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 2 г. во кревет со родител,
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
  • Важат Општите услови за патување на ТА Mеридијан.

 

Легенда

  • STD - студио
  • APP - апартман
  • RO - ноќевање