• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

НОВА '20 - автобус

ВИЕНА (6)

 

1 ден (недела  – 29.12.2019): ВИЕНА  

Состанок на групата во 07:30 часот. Поаѓањe за Виена во 08:00 часот. Патот води преку Србија и Унгарија. Денско и ноќно патување, со попатни одмори и царински формалности.

 

2 ден (понеделник – 30.12.2019): ВИЕНА 

Пристигнување во Виена во утринските часови. Панорамски и пешачки разглед на градот на музиката, културата, уметноста каде на уникатен, кралски начин се дочекуваат божиќните и новогодините празници: кругот Рингштрасе, Операта, општината – Ратхаус, Музејот на модерна уметност, Природно Научниот Музеј, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, зимскиот дворец Хофбург, Хундертвасерхаус итн. Слободно време во центарот на градот. Во попладневните часови упатување кон хотелот и сместување. Кратко слободно време за одмор. Вечерта, посета на Божиќниот пазар во првиот луна парк на светот Пратер или упатување кон ноќна прошетка низ центарот на Виена, со можност за индивдуална посета на традиционална виенска кафетерија или традиционален виенски ресторан. Враќање во хотел. Ноќевање. 

 

3 ден (вторник – 31.12.2019): ВИЕНА

Појадок. После појадокот, предлагаме факултативна организирана посета на дворецот „Шенбрун“ со локален водич – дворецот Шенбрун е најимпозантиниот барокен објект во Австрија со 1441 соба, летна Хабзбуршка резиденција која ќе ви го долови животот на познатото кралско семејство. Палатата, кралските одаи, паркот,  ботаничките градини, фонатаните и Глориете, сведочат и денес за животот на познатите историски личности како: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф. После посетата на Шенбрун, предлагаме еден нов интересен и интерактивен начин на запознавање на градот и историјата – Патување во времето: Влегуваме во подрумот на манастриот Св. Михаил, каде не пречекува холограм на фратерот кој според легендата се изгубил и сега лута по ходниците. Слушаме за историјата на Виена од восочните фигури на Франц Јозеф и Сиси. Потоа одиме во 5Д кино, каде патуваме и се бориме, ја основаме Виена и  заедно со мајсторите трчаме по скелињата на тогаш идната, денес грандиозна катедрала. По нозете не удираат опашки од стаорци кои донесоа чума во Виена, пукаме од бедемите во турската војска и одеднаш... мир! Се гради нова Виена, цут на култарата, Моцарт и Штраус пишуваат нова историја, за потоа... повторно експлозија, сирени, војна... се до модерна Австрија. По околу 50 минути патување назад во времето, се враќаме во нашето време. После посетата, враќање во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови, упатување кон центарот на градот и дочек на Новата 2020 година на главната сцена, пред зградата на Општината, со музичка програма, атрактивен огномет и виенски валцер. После полноќ враќање во хотел. Ноќевање.

 

4 ден (среда – 01.01.2020): ВИЕНА – БУДИМПЕШТА

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и упатување кон центарот на Виена каде пред зградата на операта на видео бим, со собир на локалци и туристи, го проследуваме светски проследуваниот традиционален Новогодишниот Концерт на Виенската Филхармонија или време за виенско кафе и торта како што налага традицијата, во кафетериите Моцарт или Захер. После концертот упатување кон Кралицата на Дунав - Будимпешта. Доколку времето дозволува, слободно време за индивидуален разглед на градот, прошетка по улицата Ваци. Во вечерните часови – факултативно крстарење со брод по Дунав со звуците на виенскиот валцер, за блескав крај на патувањето. Поаѓање за Битола во вечерните часови.

 

5 ден (четврток – 02.01.2020): 

Пристигнување во попладневните часови.

 

Цена на аранжманот:  9.840,00 денари

-            Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот


Цената на аранжманот вклучува:

Автобуски превоз на горенаведената релација
2 НП во хотел со 3*
Разглед на Виена со стручен локален водич
Посета на Будимпешта
Организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

Посета на Шенбрун (влезница, стручен водич, слушалки, превоз) – 28€*
Патување во времето, интерактивна тура од 50-тина минути  – 19€*
Ноќно крстарење по Дунав (Будимпешта) – 15€
*Патничко осигурување (индивидуално)

 

Напомена:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

*За реализација на факултативните излети, потребен е минимум од 25 лица, пријавување во агенција.