• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

МАЛТА 5 ноќи (2)

 

Малта е мала и густо населена, фасцинантна островска држава во центарот на Медитеранот, веднаш под Сицилија. Се состои од пет острови, најголемиот Малта, потоа Гозо, Комино , Филфла и Коминото. Плени со својата безвременска убавина , прекрасни песочни плажи и морско синило. Тесни улички, романтично возење со чамци, интересни градби, тврдини и катедрали воодушевуваат со својата убавина…

 

Прв ден Скопје -Малта

Полетување од Скопје за Малта со Wizz Air во 13:20 часот секој четврток и сабота. По слетување во Малта во 15:00 часот по локално време, организиран превоз со автобус до хотел. Сместување. Ноќевање.

 

Втор до последен ден Малта

Појадок. Слободен ден за индивидуални разгледи и прошетки. Ноќевање

 

Последен ден Малта-Скопје

Појадок. Организиран превоз до аеродром. Лет со Wizz Air во 15:50 часот по локално време од Малта за Скопје секој вторник и четврток. Слетување во Скопје во 17:30 часот.

 

 

 

 

 

 

Во цената е вклучено:

- Хотелско сместување

- Трансфер на релација аеродром – хотел – аеродром

Во цената не е вклучено:

- Авионски превоз со Wizz Air на релација Скопје – Малта – Скопје

- Багаж -Патничко – здравствено осигурување

- Туристичка такса (се плаќа во хотел)

- Индивидуални трошоци

 

Важна напомена:

- Цените се изразени во евра, по патник.

Плаќање исклучиво во денари 1 eur - 61.8 мкд

- Плаќање при резервација 100% и нема можност за откажување, менување на термин или менување на имиња

- За ова патување е потребен валиден биометриски пасош со минимум важност од 90 дена од денот на патувањето