• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

АМСТЕРДАМ (15)

 

07 март   АМСТЕРДАМ 

Состанок  на групата на аеродромот во Скопје во 10.45 часот. Авионот за Ајндховен полетува во 12.10, слетува во 15.00 часот. Организиран трансфер до Амстердам. Стоп во хотел да се остави багаж и продолжуваме за разглед на Амстердам: Плоштадот Дам, Кралската палата и Споменикот на соединетите холандски провинции, Музејот на Мадам Тисо, Кулата Мунт, Пловечкиот цветен пазар, старата пивница Хајнекен, Новиот градски кварт... Сместување во хотел. Ноќевање.

 

08 март ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА

Појадок. Целодневен факултативен излет со автобус (10 часа): ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА. Започнува со сликовотито гратче Делфт – познато по порцеланот и сликарите, Ротердам – модерен град и едно од најголемите светски пристаништа, Шевенинген, Ден Хаг – холандска административна престолнина на Холандија. Враќање хотел во вечерните часови. Ноќевање.

 

09 март МАЛА ХОЛАНДСКА ТУРА

Појадок. Опција за факултативна посета: МАЛА ХОЛАНДСКА ТУРА на традиционално село Zaanse Schans кое важи за колевка на европската економија, се гледа: познатите ветерници, работилници за кломпи, порцелан, сирење... Патот продолжува за Volendam, рибарско градче на езерото ЕЈ. Или пак опција денот да се посвети во посета на најпознатиите музеи во Амстердам: Ријкс музејот со делата на Рембрант, Музејот Ван Гог со неговата голема збирка на дела или пак музејот на восочни фигури Мадам Тисо. Препорачуваме исто така да се посети фабриката за дијаманти: прошетка низ работилницата и навлегување во тајните на брусење на прочуените дијаманти. Во попладневните часови, можност за факултативно возење со брод по каналите, каде можете да ги доживеете боите на градот на посебен начин и да видите дел од мостовите по кои e позната Холандија. Ноќевање

 

10 март АМСТЕРДАМ - СКОПЈЕ

Појадок – ланч пакет. Организиран трансфер до аеродромот во Ајндховен. Авионот за Скопје полетува во 09.15 часот, пристигнување во Скопје во 11.50 часот.

 

ЦЕНА за рана уплата до 15.01: 349  (21.640 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  399 € (24.740 денари)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски превоз на релација Скопје-Ајндховен-Скопје

Кабински багаж (1 торба до 8 кг. со димензии 40х30х20см)

Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Амстердам

Сместување во Хотел XO BLUE SQUARE 3* во Амстердам на база 3 ноќевања со појадок

Организиран разглед на Амстердам

Организација на аранжманот и придружник на патувањето


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Аеродромски такси 3.990 денари

Доплата за чекиран багаж - куфер до 10kg 1.200 мкд *(цената може да се промени како наближува летот)

Голема Холандска Екскурзија 75 евра

Мала Холандска Екскурзија 55 евра

Крстарење по каналите на Амстердам 20 евра

Туристичка такса се плаќа во агенција 600 денари

Влезници во мизеи: Ван Гог – 22 евра, Ријкс – 24 евра, Мадам Тисо - 25 евра

Влезница за пивницата Хајникен 22 евра

Патничко – здравствено осигурување

Доплата за еднокреветна соба 9.500 денари


Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи.

За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.

За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ и Меридијан.

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

 Т.А.Меридијан го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена нараспоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.           


Начини на плаќање:

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.

При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпроидажба). 

Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.