• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

АРАНЖМАНИ СО АВИОНСКИ ПРЕВОЗ

МИЛАНО (22)

 

Распостранет во рамнините на областa Ломбардија, Милано е втор по големина град во Италија, познат по уметноста, модата, шопинг и храна. Основан од Kелтите, Милано бил главен град на Западната Римска Империја, а потоа бил управуван од Шпанци и Австријци. Многу прочуени артисти се привлечени токму во Милано од фамилијата Сфорца, а еден од најпознатите е Леонардо да Винчи. Во 19 век Милано станува оперски центар познат со автори како Росини, Белини, Верди и Панучи.

Има многу знаменитости, но ќе издвоиме дел од нив – операта Ла Скала и ремек делото „Тајната вечера”, миланската Катедрала, трговскиот центар Виктор Емануел, замокот Сфорца.
Денес Милано претставува светски центар на модата, која освен за шопинг-терапија, градот го претвора во избор број 1 за оние кои ја ценат модата, богатите и луксузните барови и ресторани. Во Милано италијанските дизајнери ја демонстрираат својата креативност не само на подиумот, но и во отворањето ултрамодерни ресторани и барови како „Just Cavalli”, „Armani Nobu Bar”, „Trusardi”, „Gucci café”, „Bvlgari Hotels&Resorts”, „Dolce&Gabbana Restaurant”. Спојката помеѓу овие неверојатни знаменитости и гламурот кој се протега низ градот го прават Милано дестинација која МОРА ДА СЕ ПОСЕТИ !!!!

 

25.10.2019 (петок) Скопје – Милано

Состанок на групата во 10:25 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје. Полетување кон Милано во 12:25 часот. Слетување во Милано во 14:30 часот. Трансфер од аеродромот во Малпенса до хотел (55км). Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и консултација со претставникот од агенцијата. Ноќевање.


26.10.2019 (сабота) Миланo

Појадок во хотел. По појадокот следува факултативен пешачки разглед на градот со локален водич: Миланската катедрала и плоштадот Дуомо, операта Скала, галеријата Виторио Емануеле II и замокот Сфорческо. Слободно попладне за шопинг или прошетка низ улиците Виторио Емануеле, Монтенаполеоне, Торино, Спига. Слободно време и индивидуално враќање во хотел со метро. Ноќевање.


27.10.2019 (недела) Милано – Комо - Лугано

Појадок во хотел. По појадокот следува факултативен излет со локален водич до монденското гратче Комо (52км). Одејки по малите улици низ Комо го разгледуваме стариот дел на градот и плоштадот Волта, катедралата во Комо – Дуомо. Овде се наоѓаат вилите на дел од познатите личности во светот, како Џорџ Клуни, Ероз Рамазоти и многу други. Слободно време за индивидуални прошетки и можност за факултативно крстарење по езерото. Потоа се упатуваме кон Лугано, гратче во Швајцарија кое лежи на брегот на езерото Лугано, под швајцарските Алпи. Го нарекуваат “Швајцарско Монте Карло”. Ќе имате можност за прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија - Parco Civico и монденската шопинг улица – Наса. Во вечерните часови враќање назад во хотел. Ноќевање.


28.10.2019 (понеделник)  Милано – Скопје

Појадок во хотел. Одјавување од хотелот. Слободно време за индивидуални активнисти до времето предвидено за трансфер до аеродромот Малпенса. Полетување од Милано во 15:00 часот. Слетување во Скопје во 17:05 часот. 

 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ - 279€ (17,298 МКД)

ЦЕНА ЗА ЛИЦЕ ШТО НЕМА ДА КОРИСТИ ФАКУЛТАТИВИ – 309 € (19,158 МКД)

Ограничен број на места! 


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

Директен лет на релација Скопје – Милано Малпенса – Скопје со авикомпанија Wizz Air;

Мала кабинска торба (ранец) до 7кг (40x30x20cm);

 Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром;

Сместување во Abacus Hotel на услуга 3 ноќевања со појадок;

Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;

Организација на аранжманот и придружник на патувањето.


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

Аеродромски такси – 3.100 ден;

Туристичка такса 4 € на ноќ - се плаќа во агенција;

Пешачки разглед на градот со локален водич – 15 € (билети за јавен превоз не се вклучени во цената)

Посета на Комо и Лугано (трансфер+локален водич) – 55 €;

Патничко осигурување;

Билети јавен превоз


ОПШТИ НАПОМЕНИ:

Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот;

Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;

Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;

За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патници;

За ова патување мора да поседувате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;

Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот;

Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот;

Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;

За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;

Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.