• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ПРАГА програм 2 (23)

1 ден 29.12.2019 ПРАГА

Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски, во 10:00ч. Поаѓање на автобусот  10:30ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи.


 2 ден 30.12.2019 ПРАГА

Пристигнување во Прага во предпладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градотсо водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка,Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј.Слободно попладне за индивидуални прошетки.Предлагаме  крстарење со брод по реката В’лтава.   Сместување во хотел.  Ноќевање.


3 ден 31.12.2019 ПРАГА - ДРЕЗДЕН

Појадок..Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан  уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија.  Стариот дел од градот е слика на  богатото и славно минато  : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики,прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска  Богородична црква –Frauenkirche,  Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор,  Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага .  Дочек на Нова Година на градскиот плоштад.  Враќање во хотел. Ноќевање.


4 ден 01.01.2020 ПРАГА – ВИЕНА

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT . Слободно време за шопинг. По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан.... Слободно време во Виена.Во вечерните часови  патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.


ден 02.01.2021 

Пристигнување во  пладневните часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 15.11.2019: 139 / 8.620 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  159  / 9.860 денари


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

Превоз со високотуристички автобус на релација
 2 ноќевања во хотел 3* НП во Прага
Посета  на ВиенаОрганизација и водство на програмата
Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER  FREEPORT
Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес
*Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА

Задолжително патничко здравствено осигурување 
Разглед на Прага со локален водич  (10€)
Факултативен излет Дрезден (30€)
Крстарење со брод по Влтава  (20€)
Влезници за музеи и локалитети
Доплата за еднокреветна соба 3.100 ден

 

НАПОМЕНИ

 За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници. 
Редоследот на седење е според редослед и датум на уплата 
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари 
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Т.А.Меридијан
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање. 
Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање