VILA TRI PLATANA (17)

 

Vila Tri Platana е вилата која има најидеална локација, се наоѓа во градот со директен поглед на  Valtos плажата. На самиот премин меѓу градот и плажата лоцирани се сместувачките  капацитети под истоимениот ресторан, еден од најпознатите во Парга "The Three Plane Trees". До црквата која се наоѓа речиси во самиот центар на Парга потребно е само неколку минути пешачење, а до плажата само 100 метри. Во понудата имаме трикреветни студија и пространи четирикреветни апартмани од чија тераса се простира директен поглед на плажата. Студијата и апартманите се опремени со купатило, чајна кујна наменета за подготовка на полесни оброци (голем фрижидер, мини електричен шпорет, садови за јадење), ТV, клима уред чие користење се доплаќа 5 евра од ден,  WiFi со слаб сигнал, тераса со гарнитура за седење. Едно од студијата има сопствена тераса но нема директен излез на неа. Апартманите имаат две одвоени простории, спална соба во која има француски кревет и дневна соба во која има кујна со трепезариска маса и столчиња и два кауча на развлекување. Постелнината и крпите се менуваат на 5 дена, додека чистењето е на секој 10-ти ден.

 

 

 

Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз 

  Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети    Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

  При сместувањето влегувате во чисти соби , но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената.

По завршувањето на вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманотво пристојна (чиста) состојба. Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апратманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место.

Организаторот на патувањето го зарджува правото по пат на LAST MINUTE понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитетеи во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.

Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства но има разлика во цена. Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!