VILA VILLAGGIO SIOUTIS (17)

 

Villaggio Sioutis е луксузен комплекс згради во кои има студија на високо приземје и на прв спрат кои се фронтално поставени кон базенот и морето. Вилата има голем двор полн со зеленило, базен и лежалки околу него, туш. Базенот може да се користи во времето од 10 до 19 часот. Гостите имаат на располагање бар покрај базенот, просторија за последниот ден како и простор за најмладите. Вилата е оддалечена околу 450 метри од најблиската плажа (Galikos Molos), додека од пристаништето и од шеталиштето е оддалечена 300 метри. Во состав на комплексот има паркинг за гостите на вилата. Сите студија имаат француски кревет, опремени се со мини чајна кујна наменета за подготовка на полесни оброци (фрижидер, мини слектричен шпорет, садови за јадење), купатила со туш кабина, тераса со гарнитура за седење, клима уред чие користење не се доплаќа, LCD TV, WiFi со слаб сигнал, фен, сеф и комарници. Услугата е ноќевање со појадок (шведска маса) што се служи во дворот околу барот. Студијата се чистат секој ден, додека промената на постелнината и на крпите е на секои четири дена. Заради одредената оддалеченост на објектот од супермаркетот, доставата на купените производи се врши бесплатно до самата вила. Комплексот е под видео надзор. Villaggio Sioutis е објект кој сигурно ќе Ви овозможи пријатен одмор и ќе Ви го разубави Вашиот престој во Сивота.

 

 

 

Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз  Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети    Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време При сместувањето влегувате во чисти соби , но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената.По завршувањето на вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманотво пристојна (чиста) состојба. Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апратманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место. Организаторот на патувањето го зарджува правото по пат на LAST MINUTE понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитетеи во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства но има разлика во цена. Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!