• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA GARDENIJA (6)

 

Објект со многу убава местоположба во Нидри, на 50 метри од една од ретките плажи во градот со тиркизна вода, а воедно во близина на главната улица. Во близина на објектот, на кратко пешачко растојание се наоѓаат маркети, пекари, кафе барови, таверни, туристички агенции. Студијата се двокреветни и трокреветни, комфорни, со комплетно опремена мини-кујна, тоалет, балкони, ТВ, WI-FI, клима уред (користењето е вклучено во цената).

 

ТЕРМИН:

1/2 стд

1/3 стд

01.06-08.06

109 €

149 €

08.06-15.06

139 €

179 €

15.06-22.06

159 €

199 €

22.06-29.06

179 €

219 €

29.06-06.07

189 €

229 €

06.07-13.07

209 €

249 €

13.07-20.07

219 €

259 €

20.07-27.07

229 €

269 €

27.07-03.08

239 €

279 €

03.08-10.08

269 €

309 €

10.08-17.08

269 €

309 €

17.08-24.08

259 €

299 €

24.08-31.08

249 €

289 €

31.08-07.09

189 €

229 €

07.09-14.09

149 €

189 €

14.09-21.09

129 €

169 €

21.09-28.09

109 €

149 €

 

Цени:

 - Се дадени по лице, за минимум две платежни лица за 7 ноќевања, со вклучен автобуски превоз, по курс од 1€ = 61.8 ден

- За аранжман со сопствен превоз се одобрува 35€ од вкупната цена по лице

- Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа директно во објектот

 

Сместување:

 - Трето лице или дете над 5 год. имаат бесплатно сместување во 1/3 студио, плаќаат само превоз 35€

- Едно дете од 2-5 год. може да се смести бесплатно во кревет со родител во 1/2 или 1/3 студио (плаќа само превоз 35€) со добиено одобрение од агенцијата и сопственикот на објектот

 

Попусти:

 7% за уплата на два или повеќе поврзани термини

25% за целосна уплата во ДЕКЕМВРИ

20% за целосна уплата во ЈАНУАРИ

15% за целосна уплата во ФЕВРУАРИ

10% за целосна уплата во МАРТ

5% за целосна уплата во АПРИЛ

Горенаведените попусти не можат да се комбинираат

 

Превоз:

 - Секоја сабота поаѓање од Битола во 03:30 час. враќање во времето одредено од пратителот на групата

- Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да минува автобус

- Цена за само автобуски превоз на наведените термини изнесува 35€ по лице

- 5€ доплата за пакет аранжман по лице од Охрид, Струга, Кичево, Прилеп и Ресен

 

Напомена:

 - За резервација со попуст, потребна е аконтација од 50% од вкупниот износ на аранжманот, додека останатите 50% од износот треба да се доплатат додека трае месечниот попуст

- При промена на име и презиме, број на патници или термини, попустите дадени во дадениот месец нема да важат, односно ќе важат цените во периодот кога ќе се изврши промената

- Задолжително е здравствено и патничко осигурување

- Патниците се одговорни за важноста на нивните патни исправи, како и бројот на искористени денови за престој во ЕУ

- Агенцијата не е одговорна за интензитетот и квалитетот на интернет врската во сместувачките капацитети во текот на престојот на гостите, како и за периодите со топла и ладна вода.

 

Куќен ред:

 - Студијата/апартманите се напуштаат во 08:00 часот, во студијата се влегува после 13:00 часот

- Гостите се сместуваат во претходно подготвени и уредени соби, со обврска сами да се грижат за редот и хигиената на истите во текот на престојот. По завршувањето на престојот гостите се обрзани да ги остават студијата/апартманите во пристојно чиста состојба.

- При употреба на клима уредот се молат гостите да ги затвораат вратите и прозорците. При напуштањето на студијата/апартманите се молат гостите да го исклучуваат клима уредот. Во спротивно, сопствниците на сместувачките капацитети имаат право да го забранат користењето на услугата.

- Гостите се должни да ги остават апартманите и студијата во иста состојба како што ги затекнале. Опремата во студијата/апартманите и на терасите да биде неоштетена. Инвентарот мора да биде на број.

- Во случај на направена штета или губење на клучеви, гостите се должни да ја надокнадат штетата и да платат кај сопствениците на сместувачките капацитети пред заминување.

- Во случај на забелешки во врска со сместувањето или евентуални проблеми настанати во текот на престојот, гостите се должни да ја пријават забелешката или проблемот кај сопствениците на сместувачките капацитети и претставнците на агенцијата во текот на нивниот престој. Агенцијата не сноси одговорност за забелешки и проблеми пријавени после завршувањето на престојот на гостите.