VILA NIKOS (85)

 

Вила Никос се наоѓа на само 50м од плажата. Во непосредна близина се наоѓаат пекари, ресторани, маркети и слаткарници. Објектот располага со трокреветни и четворокреветни студија кои се наоѓаат на приземје и на прв спрат. Студијата имаат еден брачен кревет и еден или два единечни кревети во зависност од типот на студиото. Секое студио располага со комплетно опремена кујна: фрижидер, шпорет со една рингла, садови и прибор за јадење согласно со бројот на кревети, аспиратор, купатило со туш кабина, тераса, TV и клима ВКЛУЧЕНА ВО ЦЕНАТА.

 

термини 1/2 студио 1/3 студио 1/4 студио Опис на ценовникот
Бр. Ноќевања 7 7 7 Вклучено користење на клима уред
19.мај 49 € 49 € 49 € цени по лице со превоз
26.мај 65 € 70 € 75 € цени по лице со превоз
02.јун 89 € 109 € 119 € цени по лице со превоз
09.јун 109 € 125 € 139 € цени по лице со превоз
16.јун 129 € 145 € 165 € цени по лице со превоз
23.јун 255 € 275 € 325 € наем на апартман
30.јун 275 € 295 € 355 € наем на апартман
07.јул 295 € 315 € 375 € наем на апартман
14.јул 295 € 315 € 375 € наем на апартман
21.јул 295 € 315 € 375 € наем на апаартман
28.јул 295 € 315 € 375 € наем на апартман
04.авг 295 € 315 € 375 € наем на апартман
11.авг 295 € 315 € 375 € наем на апартман
18.авг 275 € 295 € 355 € наем на апартман
25.авг 120 € 135 € 155 € цени по лице со превоз
01.сеп 109 € 119 € 125 € цени по лице со превоз
08.сеп 99 € 109 € 119 € цени по лице со превоз
15.сеп 75 € 85 € 95 € цени по лице со превоз
22.сеп 55 € 60 € 75 € цени по лице со превоз
29.сеп 49 € 49 € 49 € цени по лице со превоз

 

НАПОМЕНА:

Цените се дадени по лице/ апартман за 7 ноќевања во зависност од терминот
Дете од 0-1,99 се сместува бесплатно – спие заедно со 2-ца возрасни, нема baby cot
Прво и второ дете од 02 – 13,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО зависно од типот на собата
Трето или четврто возрасно лице на редовно легло  – 40% од цената
Доплата за туристичка такса – 0.5€  по соба на ден.
Се наплаќа на лице место при пријавување.

 

ОПШТИ УСЛОВИ:

За резервација задолжително уплата аванс 40% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување;
За резервации направени на EARLY BOOKING, целосна уплата до наведениот датум, додека првите 4 и последните 3 термини не подлежат на попусти;

Задолжително здравствено и патувачко осигурување
Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од страна на агенцијата.
Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена – причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
За хигиената во собите за време на престојот се грижат самите гости, сите настанати штети за време на престојот се на товар на патниците!
Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот
За ова патување потребен е валиден биометриски пасош (минимум важност 90 дена од денот на враќање во државата) и бел лист (виза не е потребна);
не се потребни посебни вакцини.За овој аранжман важат општите услови на патување на т.а.Меридијан Интернационал и СКТМ побарајте ги во агенцијата.
Т.А.Меридијан не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој – било објект од целата понуда.
Патниците се должни да се јават во агенцијата неколку дена пред поаѓање да се информираат за времето на поаѓање
Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
За уплатени два аранжмани 7+7 ноќи добивате 7% попуст на терминот со пониска цена, овој попуст не е валиден за резервации направени по цена со Early booking попуст или било кој друг тип на попуст.

 

ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ:

Состанок на групата 30 мин пред поаѓање на пред наведените места на поѓање.
Пристигнување и сместување во одбраните капацитетиДенови на престој 8 дена 7 ноќевања
Последниот ден собите се напуштаат во договорено време (наведено во куќен ред 10.00 часот)
Попладневните часови поаѓање за Македонија

 

ОРГАНИЗИРАН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ:

Време на поаѓање и цена за превоз од за Лептокарија:

04:00  Битола (Пред спортска Сала)  30 € по лице

03:15  Прилеп (бензинска пумпа Салида) -Трансфер до Битола 35 по лице

02.15 Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола  35€ по лице

02:45 Кичево (бензинска Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола  35€ по лице

02:30 Охрид (бензинска Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битoла  35€ по лице

03.15 Ресен (спроти автoбуска станица) 35€ по лице

За деца (до 12 години) 20€ 

 

Релациите наведени како трансфер се реализираат со патнички возила или комбe.
Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да минува автобус.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција заради потврда на времето и локацијата
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето
Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.