• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

АЗУРЕН БРЕГ (23)

 

1 ДЕН 16.04.2020 МИЛАНО

Состанок на група во 10 00ч.  Поаѓање во 10:30 часот од паркингот спроти салата Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.


2 ДЕН 17.04.2020 МИЛАНО

 Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време (2 часа)за  шопинг. Патувањето продолжува кон Милано. По пристигнувањето, одиме на организиран разглед на градот(факултативно): тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м. долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот... Слободно време за индивидуални прошетки .  Сместување во хотел.  Ноќевање.


3 ДЕН 18.04.2020 МИЛАНО – НИЦА 

Појадок. Поаѓање за Ница. Пристигнување во Ница во пладневните часови, прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата...  Сместување во хотел.  Ноќевање.


04 ДЕН 19.04.2020 НИЦА – АНТИБ – КАН

Појадок.  Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб и гламурозниот Кан. Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, а потоа продолжуваме со посета на монденскиот Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, стариот град со тврдината...  Слободно време за прошетки... Враќање во Ница. Предлагаме  дочек на Новата Година во гламурозното Монте Карло, заедно со светскиот џет сет... единствено доживување. Враќање во Ница.  Ноќевање.

 

05 ДЕН 20.04.2020НИЦА –– ЕЗ – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО 

Појадок. Одјавување од хотел. Предлагаме целодневна посета на Монако и Монте Карло со  попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини... продолжуваме по патеката на F1( пешки), посета на Монте Карло со познатите коцкарници.Слободно време за посета на казината. Поаѓање кон Македонија во вечерните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија... Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.


06 ДЕН 21.04.2020 

Пристигнување во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО  15.02.2020 :   199€ / 12340 ден

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  229€ / 14.200 ден


ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
Сместување во Милано во хотел 3* на база 1 ноќевање со појадок,
Сместување во Ница во хотел 2*/3* на база 2 ноќевања со појадок,
Разглед на Ница,
Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.
Организиран трансфер од Oхрид, Битола, Прилеп, Кавадарци(Дреново), Струмица, Штип, Велес,

(Организираниот трансфер може да биде во утринските часови, а точно време на поаѓање се утврдува 1 ден пред терминот на поаѓање)


ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

Задолжително патничко осигурување 
Разглед на Милано – пешачка тура со локален водич (10€)
Посета на Ез,  Монако и Монте Карло (25€)
Посета на Кан и Антиб (35€)
Туристичка такса во Милано (5€ по лице, се плаќа во агенција)
Туристичка такса во Ница (1.5€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
Влезници за културно историски споменици, музеи.
Билети за јавен превоз
Доплата за еднокреветна соба 4,400 ден

 

НАПОМЕНИ:

За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници. 
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
Попустите не се комбинираат
Останатите услови на патување важат според годишниот програм 
генцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време  и место на поаѓање.