• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

НОВА '20 - автобус

ИСТАНБУЛ 2 ноќи (76)

 

Термин: 29.12.2019-01.01.2020

1 ден: недела

Поаѓање во попладневните часови . Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности.


2 ден: понеделник

Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови. Сместување во хотел по интернационална политика на хотел по 14 часот, доколку има слободни соби, придружникот има можност да ги смести патниците. Средба на групата со локалниот водич пред хотел. Туристичката програма започнува со панорамска обиколка на Истанбул со локален водич. Посета на паркот Беилербеи во Азискиот дел на Истанбул. Продолжуваме со пешачка прошетка во историскиот центар “Султанахмет”. Разгледување на знаменитостите на хиподром. По можност посета на “Синатаџамија” – единствена со шест минариња. Факлутативна посета на Топкапи палатата, кој е срцето на градот Истанбул.
Факлутативна посета на Аја Софија. Слободно време за индивидуална прошетка или одмор во хотел. Вечерта факлутативна турска традиционална вечера со целосно мени. Ноќевање.


3 ден: вторник

Појадок. Од 07:00 до 08:30. Во 09:00 започува програмата. По завршување на крстарењето, Посета на облакодерот “Сафир” – највисоката зграда во Европа висока 236 метри. Ќе се искачиме до последниот кат на панорамското игралиште, каде се открива неверојатна глетка кон градот и Босфор во 360 степени. Уникатната авантура се дополнува со можност да се вклучите во SkyRide – 4D зачудувачка симулација на лет со хеликоптер над Истанбул и да се допре до знаменитостите на градот. Скај бар нуди извонредна глетка со чаша мирисно турско кафе меѓу облаците над Истанбул. Слободно време за прошетка и фотографирање. Вечерта факлутативна посета на најпопуларниот плоштад во Турција-Таксим и улицата Истиклал која води до Галата Кула кои се посетувани од над 3 милиони посетители дневно каде ќе имате можност и за дочек на Новата Година. Слободно време за разглед, шопинг во многубројните продавници, ресторанти, кафулиња.  Враќање во хотелот. Ноќевање.


4 ден: среда

Појадок. По појадокот се тргнува кон Македонија со попатна посета на најразновидниот аквариум во светот Florya кој нуди разглед на најразнобојни видови морски животни, можност да видете поларна област со пингвини и амазонска област со прашума. Се упатуваме кон градот Едрине со посета на Outlet – Margi.

Пристигнување во Македонија во утрниските часови.

 

ЗА УПЛАТА ДО 15.11.2019

Цена: 5.270.00 денари


ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

Превоз со високотуристички автобус
Две ноќевања со појадок во хотел 3*
Панорамска обиколка на Истанбул со локален водич
Посета на Оutlet во Едрине
Разглед на Хиподромот и плоштадот Султанахмет

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНO:

Влезници за музеите
Аја Софија – 15 евра
Дворецот Топкапи – 15 евра
Дворецот Долмабахче – 20 евра
Бродче по Босфор – 15 евра
Традиционална вечера – 25 евра
Посета на облакодерот  “Сафир”, со вклучен билет за панорамско игралиште и 4D кино – 20 евра
Трансфер, прошетка на Таксим и посета на Галата Кула -10 евра
Најголемиот аквариум во Европа Florya- Цена 20 €

Патничко осигурување 

              ПАКЕТ 8 ФАКЛУТАТИВИ = 125 ЕВРА (гратис крстарење по Босфор)


Напомена: Задолжителни минимум две екскурзии (патувањето е од туристички карактер)


НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата.
Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца.
Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот:

Т.А. Меридијан го задржува правото на: во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски службиСите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.Во хотелите/апартманите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето.Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на хотелот/апартманот ја надоместува штетата на на лице место.Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат!Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи, за секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Меридијан“ и на самата агенција.Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.