KOFOS LIMIN (24)

 

Вила Кофос Лимин се наоѓа во Порто Куфо, на 100метри од плажа. Идеална локација за оние кој сакаат мирен одмор, и без гужва.

Порто Куфо е одалечено од Торони само на 2км, самото место е залив, со тесна и долга плажа, изобилува со многу рибни таверни со свежа риба, бидејки е едно од повеќето рибни пристаништа.

 

Вилата е на самиот магистрален пат и располага со паркинг места пред неа, составена не од многу соби, да се задржи дискрецијата и мирот на самото место.

Собите се трокреветни и четворокреветни, од кој трокреветните со еден дупли и еден единечен кревет, а четворокреветните со еден дупли кревет и креветчиња на спрат.

Во самиот двор има катче за деца, и место за дружење, сите соби располагаат со клима (вклучена во цената) ТВ, сопствен тоалет, опремена кујна, интернет, балкон.

 

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ЗА НАЕМ НА СОБА ЗА 7 НОЌЕВАЊА

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕУР, ПЛАЌАЊЕ ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ОД 61,8МКД.

 

На ПРОМО цените се следува попуст за рана резервација и попуст за 2 последоветелни термина.

 

Гпс координати: 39.962226, 23.928851

 

Porto Koufo - Kofos Limin
ЦЕНИ ПО СОБА ЗА НАЕМ НА 7 НОЌЕВАЊА
Период Ноќевања Студио за 3 лица Студио за 4 лица Коментар
20.05-27.05.18 7 59 79 ПРОМО
27.05-03.06.18 7 99 119 ПРОМО
03.06-10.06.18 7 129 149  
10.06-17.06.18 7 189 209  
17.06-24.06.18 7 239 269  
24.06-01.07.18 7 309 319  
01.07-08.07.18 7 369 389  
08.07-15.07.18 7 379 399  
15.07-22.07.18 7 429 459  
22.07-29.07.18 7 449 469  
29.07-05.08.18 7 449 469  
05.08-12.08.18 7 449 469  
12.08-19.08.18 7 449 469  
19.08-26.08.18 7 419 439  
26.08-02.09.18 7 339 359  
02.09-09.09.18 7 249 279  
09.09-19.09.18 10 229 259 ПРОМО
19.09-01.10.18 12 200 239 ПРОМО

 

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

За возрасни (35 евра)
За деца до 12 години (25 евра)
Деца до 2 години бесплатно, без седиште

 

Поаѓање од: Скопје, Велес, Неготино, Удово и Граничен премин Богородица

Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути.Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.

Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.