• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA ZORBAS (14)

 

Вила “Zorbas” се наоѓа на сама плажа во строгиот центар на Неа Флогита. Вилата располага со апартмани со една спална /2+2/, две легла во кујната и брачен кревет во спалната, долга и тесна тераса со страничен поглед кон паркот и рестораните пред плажата, просторна кујна со трепезариска маса. Дуплекс апартманите /4+2/ со две одделни спални соби со директен поглед кон плажа и море со голема кујна со трепезариска маса, клуб масичка и голема тераса кон море. Апартманите се комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, туш, балкон (масичка со столчиња), телевизор, гардеробер, клима (со доплата 5€ на лице место), како и бесплатен интернет. Апартманите се наоѓаат на II кат.

 

15% попуст за уплата до 01.02  |  10% попуст за уплата до 01.03  |  5% попуст за уплата до 01.04

 

НАПОМЕНА

-  Цените се дадени по лице за 7 ноќи 8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице во апартман со една спална /2+2/ и 5-то и 6-то лице во дуплекс апартман /4+2/ - БЕСПЛАТНО сместување;
-  Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
-  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
-  Во апартман со една спална кај термините со превоз, плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
-  Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то и 6-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
-  Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни - БЕСПЛАТНО;
-  Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
-  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
-  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
-  Организиран превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Удово / Гевгелија;-  Автобусот ги остава/зема патниците на 20м од вилата;-  Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТНО!!
 -  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

-  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
-  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
-  Доплата за туристичка такса - околу 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
-  Доплата за клима - 5€ од ден на лице место;
-  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
-  Доплата за патничко осигурување.