• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

БЕЛГРАД (14)


1ден/ 30.12 (понеделник) БЕЛГРАД

Поаѓање во 02:00 часот. Ноќно патување кон Белград со попатни паузи и царински формалности. Пристигање во Белград околу 10 часот. Организиран панорамски разглед на Белград со водич со посета на: Црква „Св. Сава“, Собрание на Белград и Србија, црква „Св. Марко“, споменик на кнез Михајло, стадионот на ФК Црвена Звезда, куќата на атрактивната балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, потоа атрактивниот дел на градот - Дедиње како и куќата на цвеќето каде се наоѓа гробот на Јосип Броз Тито. Пешачки разглед на тврдината Калемегдан и прошетка по најпознатата белградска улица - Кнез Михајлова. Сместување во хотел Srbija 3*. Слободно време за одмор или индивидуална прошетка. Ноќевање.


2ден/ 31.12 (вторник) БЕЛГРАД НОВИ САД - БЕЛГРАД ***ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА 2020***

Појадок. После појадокот организиран факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот: Улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица - пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петроварадинската тврдина… Во попладневните часови враќање во Белград околу 16 часот. Слободно време за одмор. Вечерта, организиран бесплатен трансфер од хотел до центар на Белград и обратно за дочек на Нова 2020 Година на Плоштад. Ноќевање.         

                         

3ден / 01.01 (среда) БЕЛГРАД - МАКЕДОНИЈА

Појадок. После појадокот одјавување од хотел. Се упатуваме кон трговскиот центар Ушче. Слободно време за кафе, шопинг, прошетка.. во договореното време, поаѓање кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.


Цена на аранжманот: 99€ / 6.150мкд
за уплата до 10.11.19: 89€ / 5.520мкд

доплата за 
еднокреветна соба +1.240мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено:

- превоз на наведената релација со туристички автобус;
- разглед на Белград со локален водич;
- 2 ноќевања со појадок  во хотел Srbija 3* во Белград;
- организација и реализација на патувањето со придружник од агенцијата;
- посета на шопинг центар Ушче.


Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

- факултативна посета на Нови Сад  750мкд (пријавување во агенција при резервација / мин. 35 пријавени за реализација);
- туристичка такса 200мкд по лице за цел престој  (се плаќа во агенција при резервација);
- здравствено патничко осигурување - 100мкд по лице (без франшиза) - НЕ Е задолжително! 


Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници;
За овој аранжман може да се патува и со лична карта;
За реализација на факултативата Нови Сад потребно е мин. 35 пријавени лица;
За патување со сопствен превоз - 10€ од цената;
Уплата исклучиво во денари.