• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA MAKEDONIJA (86)

 

Кефалонија е најголемиот остров од групите Јонски острови. Името го добило според својот изглед (остров со глава) – кефало на грчки значи глава. Интересната историја најдобро ја опишал Луис де Бернијер во својот бестселер “Мандолината на капетанот Корели”. Истоимениот филм со познатите Николас Кејџ и Пенелопе Круз во главните улоги го прославил овој остров ширум светот. Кефалонија има околу 250 километри долга плажа, а најпознатата е во заливот Митрос, која е една од петте најубави плажи во целиот Медитеран. Островот се состои од два поврзани дела, источен и западен помеѓу кои се наоѓа заливот Аргостоли.

Плажа Миртос

Се вели дека не сте биле на Кефалонија ако не сте го посетиле ова место. Заштитниот знак на островот и една од најсликовитите плажи во Грција. Водата е нереално бистра и се гледа буквално секое камче на дното. Плажата е огромна и колку и да има туристи, можете да си најдете место за себе.


СКАЛА 

Скала е едно од најпосетуваните места на Кефалонија, а како не би било кога тука имате буквално се што ви треба за да имате совршен одмор: уредени долги плажи, ресторани, барови, таверни и тоа што е најважно, мирисот на морето. Плажата е мешана со ситни камчиња и песок.


ВИЛА МАКЕДОНИЈА - Порос

Вила Македонија е сместена на околу 40 метри од плажата и главниот плоштад на Порос во првата уличка. Се состои од двокреветни и трокреветни студија, и четворокреветни апартмани. Сите соби имаат кујна со прибор за соодветниот број на лица и тераса. Вилата се наоѓа на околу 270 метри или 3 минути од најблискиот базен, кој е достапен за гостите со конзумација. Вилата има безжичен интернет и клима уред за чие користење со доплатува по желба на лице место.

 

НАПОМЕНА: Понудата е по лице за 9 ноќевања и автобуски превоз. Доплата во автобус за траект 25€ по лице. На акциските цени нема одбивање за сопствен превоз.

 

Термин

Тип соба

Редовна по лице

 

13.06-22.06

1/5
1/4
1/3
1/2

 

159€

169€

 

22.06-01.07

1/5
1/4
1/3
1/2

 

179€

189€

 

01.07-10.07

1/5
1/4
1/3
1/2

 

199€

209€

 

10.07-19.07

1/5
1/4
1/3
1/2

 

229€

239€

 

19.07-28.07

1/5
1/4
1/3
1/2

 

269€

279€

 

28.07-06.08

1/5
1/4
1/3
1/2

 

269€

279€

 

06.08-15.08

1/5
1/4
1/3
1/2

 

269€

279€

15.08-24.08

1/5
1/4
1/3
1/2

 

229€

249€

 

24.08-02.09

1/5
1/4
1/3
1/2

 

209€

229€

 

02.09-11.09

1/5
1/4
1/3
1/2

 

159€

179€

 

11.09-20.09

1/5
1/4
1/3
1/2

 

139€

159€

 

 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

9 ноќевања во една од избраните вили, остров Кефалонија

Автобуски превоз на дадената релација

Туристички придружник за време на патувањето


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

Задолжителна доплата за траект 25 евра по лице (повратен) се плаќа во автобус

Задолжително патничко осигурување 

Задолжителна доплата на туристичка такса 0.50 центи по соба од ден (се плаќа во автобус)


НАПОМЕНИ:
Цените се однесуваат на едно лице за 9 ноќевања во една од избраните вили, автобуски превоз
• Задолжителна доплата за траект во двата правци 25 евра по лице – се плаќа во автобус
• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА  туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден.
• Патничко осигурување 
• Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
• За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
• Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
• Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
•Доплата за клима 5 евра од ден по желба
•Агенцијата не гарантира за брзината и квалитетот на интернетот во вилите
•Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА T.A. Меридијан.

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен

Дете од 3 до 12 години плаќаат 50% од сумата доколку се сместени со две возрасни лица


ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

Check in во собите е после 14h по грчко време

Check out е до 09h.Багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери.

Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж

Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот

Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден.

Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа. Вилите имаат интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

 Тргнување во Скопје според дадениот датум во вечерните часови.

Следува возење и попатни паузи за одмор и царински формалности.

Пристигнување во Килини од каде се качуваме на траект до Порос.

Сместување во апартманите.

За време на престојот во Кефалонија ќе има организирани програми: посети на најубавите плажи, ноќни забави, посета на пештери и крстарења.

Последниот ден од престојот во најавено време одјавување од апармтаните и враќање во Македонија