• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ГЕРАКИНИ - CORAL BLUE (24)

 

Локацијата, песочната плажа, уредувањето на околината и објектите, бистрата и плитка вода се причината што хотелот е погоден за одмор за било која возрасна група, од најмали до најстари. За фамилиите со мали деца. Ако го посакувате одморот од соништата “со деца а одморени”, Coral Blue Beach е вистинскиот избор за вас.

Плажа: Приватна плажа, песочна. За секоја соба 1 чадор и 2 лежалки на плажа со минимум нарачка од 5 еур.

Услуга: Полупансион (појадок и вечера).

Интернет: Бесплатно Wi – Fi на рецепција и на барот покрај плажа.

Сместување:  Двокреветна соба – Double Room: Брачен лежај или две одвоени легла (едно до друго) – максимум сместување 2 возрасни и 1 дете до 12 години на дополнително легло;
Двокреветни бунгалов – Double Bungalow: брачен лежај или две одвоени легла и кревет на спрат или едно дополнително легло – максимум сместување 2 возрасни + 2 деца (0 – 11.99) или 3 возрасни;
Фамилијарна соба со кревет на спрат – Family Room with bunk bed: Брачен лежај или одовоени кревети и кревет на спрат – максимум сместување 2 возрасни + 2 деца (0 – 11.99 години) или 3 возрасни;
Тип на дополнително легло: На расклопување;
Сите соби се опремени со клима уред, телевизор (локални ТВ канали, телефон, Wi – Fi интернет (со доплата), фрижидер / мини бар, сеф, фен за коса, купатило со туш, балкон или тераса. Постелнината, перниците и бројот на крпи во собата е во согласност со бројот на легла во истата.
Чистење на собите: 6 пати неделно; Промена на крпи и постелнина: 3 пати неделно;

Напомена: Во сите соби има можност за детско креветче (baby cot) – 5 € на ноќ – со претходно барање од клиентите и одобрување од страна на хотелот.

Хотелски содржини:

Хотелскиот комплекс се простира на самата песочна плажа, урбано уредена со лежалки, чадори за сонце;
Главениот ресторан “Thalassa” е место каде се служат појадокот и вечерата на принцип шведска маса, со голем избор на вкусни домашни јадења и специјалитети.
Барот на плажа “Ammos” е преубаво место на самата плажа и под борови дрвја каде се нудат свежи сокови, сладоледи, лесно освежување, коктели и вкусна ужина;
Лоби бар “Blue Wave”, работи 24 часа на ден и овде исто така се нудат повеќе видови на кафе, грицки, сладоледи, слатки, освежување и алкохол.
Важна напомена:

При користење на лежалки и чадори на плажа строго е забрането консумирање на храна и пијалоци купени надвор од хотелот / барот на плажа. Истите се достапни и можат да се купат во барот на плажата.

                                                                                                

 

Сите цени се изразена во евра, за уплата во денарска противвредност  по курс 1 еур = 61.8 мкд

Цената вклучува:    

•     7 ноќевања со појадок и вечера

·        Две деца до 11.99 години – Бесплатно

•     Користење на клима уред

•     Интернет на бар на плажа и во лоби на хотелот

•     Паркинг (во согласност со слободни места во моментот)

Доплати:

•     Туристичка такса од 1,5 еур по соба на ноќ која се плаќа во хотел;

•     Трет возрасен на дополнително легло плаќа 30€ на ноќ;

•     Трето дете од 0-11,99 години 25€ на ноќ;

 

НАПОМЕНА за попусти:

Бројот на соби кој може да се реззервира со Early booking попусти е ограничен!
Агенцијата го задржува правото за промена или прекинување на Early booking попустите пред наведените датуми на истекување на истите.
Резервациите направени по Early booking не може да се комбинираат со ниеден друг попсут.
доколку уплатата не се изврши во предвидениот термин, резервацијата ќе биде наплатена по редовна или ревидирана цена во моментот на наплата.
За уплатени два аранжмани 7+7 ноќи добивате 7% попсут на терминот со пониска цена, овој попуст не е валиден за резервации направени по цена со Early booking попуст или било кој друг тип на попуст.

                                                                                            

 

Релациите наведени како трансфер се реализираат со патнички возила или комбe.

Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да минува автобус.

Во Неа Потидеа автобусот застанува на станицата на главниот пат веднаш до Lemoni Bakery и од таму патниците имаат организиран превоз до хотелот Potidea Golden Beach

 

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Hotel – Nea Moudania,  14 km; Hotel – Gerakini, Paralia Gerakinis 2 km; Hotel – Psakoudia 7.6 km; Hotel – Metamorfosi 17.5 km; Hotel – Nikiti 24 km

GPS:40.276781, 23.429121