• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

САРТИ

  

Сарти е мало селце сместено на источната страна на вториот крак, со прекрасен поглед кон третиот крак и планината Атос. Има долга прекрасна песочна плажа и кристално чисто море. Оддалечено е 144 км. од Солун и 240 км. од македонската граница. Околу Сарти се наоѓаат и дел од најраскошните плажи во цела Грција, меѓу кои најпознати се: Златната плажа Сарти, Транос, Аи Николас, Платаници, Аклада, како и уникатната плажа Кавуротрипес. Во Сарти можете да се опуштите во некое од тивките кафулиња , да уживате и во интензивниот ноќен живот, во одличните ноќни клубови. Посетата на Сарти не смее да помине без посета на манастирот Ксиропотамос, кој се наоѓа непосредно до градчето, а од оваа локација секојдневно се организираат и бродски екскурзии кон планината Атос.