• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

БУДИМПЕШТА (28)

 

1 ДЕН (06.12.2019 - петок)

Состанок на групата во 15.00 часот. Поаѓање за Унгарија во 15.30 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Белград, Нови Сад...денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.


2 ДЕН (07.12.2019 - сабота)

БУДИМПЕШТА Пристигнување во Будимпешта во утринските часови... панорамски разглед на градот со стручен водич...Кралската Палата, Рибарските бастиони, црквата Св.Матејаш, Цитаделата, мостовите на Дунав, базиликата Св.Стефан, Парламентот, Операта, Плоштадот на Хероите, музејот на „Старите Добри Мајстори“...сместување во хотел. Слободно време за индивидуален разглед на градот. Состанок на групата на претходно закажаното место. Враќање во хотелот во касните попладневни часови. Вечерта – факултативно крстарење со Брод по Дунав...Ноќевање.


3 ДЕН (08.12.2019 - недела) 

БУДИМПЕШТА - БРАТИСЛАВА Појадок. Ви препорачуваме факултативен полудневен разглед на Братислава со стручен водич...Михалската Порта, Катедралата Св.Мартин, палатата Палфи – каде Моцарт ги изведувал своите концерти, Националниот Театар, палатата Паули, Роландовата фонтана...посета на познатиот ТЦ EUROVEA. Враќање во Будимпешта во попладневните часови. Ноќевање.


4 ДЕН (09.12.2019 - понеделник) 

БУДИМПЕШТА Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Можност за факултативна посета на живописното етно село Ст.Андреја, можност за уживање во еден од многуте етно-ресторани, винотеки...препорачуваме посета на музејот од марципан...враќање во Будимпешта во раните попладневни часови – посета на најголемиот трговски центар “АРЕНА ПЛАЗА“...слободно време за шопинг. Поаѓање во касните попладневни часови. Ноќно и денско возење, со кратки попатни паузи.


5 ДЕН (10.12.2019 - вторник) : 

 Пристигнување во пладневните часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :                 6.690,00 ден. (109 €)

                                                               6.130,00 ден. (99 € - за уплата до 01.11.2019)!!!


УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ:

Исклучиво во денарска противвредност


НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

30 % од сумата при резервација – готовински 

Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 

Автобуски превоз на горенаведената релација, 

разглед на Будимпешта со стручен водич,

2 НП во Будимпешта во хотел со 3*,

организација, водство и реализација на аранжманот.


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

Факултативните излети и посети,

влезниците при посета на културно-историските споменици,

патничкото осигурување (180,00 ден. – по лице). 


ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА – БУДИМПЕШТА: 

Крстарење со Брод – 15 € по лице – минимум 30 лица (препорака)БРАТИСЛАВА - ФАКУЛТАТИВНО: 

Посета и разглед на Братислава со стручен водич – 30 € по лице (минимум 30 лица).


НАПОМЕНА: 

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.