• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

НЕАПОЛ (1)

 

Aмалфи Брег, Капри, Матера...

 

16.април (четврток) ДРАЧ
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 11:30 часот. Поаѓање за Драч во 12:00 ч. Патувањето е преку Албанија. Пристигнување во Драч во вечерните часови. Слободно време до поаѓање за Бари со брод. Ноќно возење.


17.април (петок) БАРИ – ПОМПЕА - НЕАПОЛ
Пристигнување во Бари. Продолжување на патувањето за Помпеа - Неапол. Факултативна посета на античкиот град Помпеа (комплетно уништен и закопан под пепел по катастрофалната ерупција на вулканот Везув во 79 г.) Античкиот град Помпеа, повторно откриен после 1.700 години (во 1.748 г.) со неговите ископини, ги открива неверојатните детали за животот и големината на Римската Империја. Помпеа е дел од Националниот парк Везув, кој е под заштита на UNESCO од 1997година. Патувањето продолжува за Неапол. Неапол е најголемиот град во Јужна Италија кој изобилува со голем број на монументи, скулптури, театри, опери и често го нарекуваат музеј на отворено. Панорамски разглед на градот со локален водич: разглед на Градскиот плоштад – Piazza del Plebiscito, Општинската зграда, замокот Кастел Нуово, театарот Сан Карло, кралската палата – Palazzo Reale, националната библиотека...:Сместување во хотел. Ноќевање


18.април (сабота) НЕАПОЛ – САЛЕРНО– СОРЕНТО 
Појадок. Можност за целодневен факултативен излет низ најпознатиот туристички брег – Амалфи брегот.  Посета на Салерно едно од најпознатите места на Амалфи брегот кое излегува на Тиренско море. Салерно е главен културен, уметнички и научен центар. Денеска претставува главна туристичка атракција. Во самиот град е катедралата каде што се наоѓа гробницата на Св.Матеј еден од 12те апостоли, црквата SS.Annuziata која е изградена во 14в., улицата Lungomare Trieste главната променада на Салерно, замокот Castello di Arechi граден во византиски стил, стариот град на Салерно...Продолжуваме кон Соренто, романтичниот град на сонцето, отмен, гостопримлив исполнет со медитерански дух. Пејсажот е нешто што е единствено само во овој град. Тесните колоритни улички исполнети со туристи се главна карактеристика на овој град. Двете пристаништа “Marina Grande” и “Marina Piccola, именувани по нивната големина можете да ги посетите симнувајќи се по скали или со лифтови. Тука е секако и главниот плоштад Тесо. Движејќи се по најпрочуениот брег во Италија се враќаме во Неапол. Ноќевање


19.април (недела) НЕАПОЛ - КАПРИ
Појадок. Заминување на полудневен факултативен излет до Капри. Сликовитиот остров Капри, омилен помеѓу џет-сетерите  ги воодушевува луѓето уште од античко време. На римскиот император Тибериј му се допаднало толку многу што несакал да се врати повторно во Рим. Разглед на Капри со локален водич: Тргнуваме од Марина Гранде со жичара до местото Капри: плоштадот La Piazzeta, колоритните градини Giardini di Augusto, Grand Hotel Quisisiana кој се наоѓа на најлуксузната шопинг улица Via Camerelle, манастирот Certosa di San Giacomo...Слободно време за индивидуални прошетки низ островото. По враќањето во Неапол можност за посета катедралата Св.Генаро, црквите Св.Лоренцо Маѓоре и Св.Доменико Маѓоре, плоштадот Гесу, Порта Алба, плоштадите Данте и Белини...Слободно време за индивидуални активности, препорачуваме шопинг низ најпознатите шопинг улици во Неапол: Via Toledo и Via Chiaia. Ноќевање


20.април (понеделник) НЕАПОЛ – МАТЕРА - БАРИ
Појадок. По појадокот заминување кон Бари. Попатна посета на градот Матера кој е прогласен за Град на културата за 2019 година. Разгледот го започнуваме со посета на видиковецот од каде ќе имате прилика да уживате во восхитувачки поглед на Сасија- стариот дел на Матера кој е наречен и градот на духовите поради многубројните напуштени пештерски куќи стари 9000 години. Овој древен град својата популарност посебно ја зголеми благодарение на култниот филм на Мел Гипсон “The Passion of the Christ”, во кој повеќето сцени во замена на Ерусалим се снимани токму во Матера. Патувањето продолжува кон Бари. По пристигнувањето посета на базиликата Св.Никола, каде што се наоѓаат моштите на светецот сместени во гробницата во криптата на базиликата Св.Никола. Слободно време до тргнување со траект кон Драч во 22:00ч. Ноќно возење. 

 

21.април (вторник)  ДРАЧ 
Во утринските часови пристигнување во Драч. Патувањето продолжува кон Македонија. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.


Цена на аранжманот:   269 €  (16.678,00 мкд)

 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел ***, 3 ноќевањa со појадок во Неапол
- Организирани панорамски разгледи со локален водич на Неапол
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Факултативна посета на Салерно и Соренто 30€
- Факултатувна посета на Помпеа 25€
- Факултативна посета на островот Капри 50€
- Влезници за културно историските споменици и цркви
- Влезници за јавен превоз (метро, жичара, бус...)
- Здравствено патничко осигурување (160мкд) 
НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници