• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

НЕАПОЛ, АЛБЕРОБЕЛО, КАПРИ, АМАЛФИ, ПОЗИТАНО и ПОМПЕА (28)

 

1.ДЕН (29.04.2020 - среда):  ДРАЧ 

Состанок на групата во 12.00 часот. Поаѓање за Драч во 12.30 часот. Патот води преку Струга, Елбасан...денско и ноќно патување со кратки попатни одмори. Пристигнување во Драч - сместување на траект. Планирано поаѓање за Бари околу 23.00 часот.


2.ДЕН (30.04.2020 - четврток): БАРИ – АЛБЕРОБЕЛО - НЕАПОЛ - СОРЕНТО 

Пристигнување во Бари во утринските часови. Продолжување на патот за Неапол, со попатна посета на единственото во светот етно-село од ваков вид -  Алберобело, заштитено од УНЕСКО, познато по куќите од варовник, градени без употреба на малтер, со кровови со конусен облик, т.н. ТРУЛИ...овој вид на градба е уште од предисториско време, па затоа местото е и заштитено...Пристигнување во Неапол во пладневните часови...панорамски разглед на градот, со обиколка на Градскиот плоштад, Општинската зграда, замокот Кастело Нуово, Театарот Сан Карло, палатата Реале, црквата Сан Франческо, како и најстарата пицерија во Неапол и воопшто во Италија – Да Матео...сместување во хотел. Ноќевање.


3.ДЕН (01.05.2020 - петок) : НЕАПОЛ – КАПРИ – СОРЕНТО 

 Појадок. По појадокот – факултативен целодневен излет за островот Капри, единствен и уникатен пример на спој на природни убавини, стара архитектура и гламур...поаѓаме со хидроглисер од Соренто или Неапол и на Капри се пристигнува на Марина Гранде...оттаму, со организиран превоз стигнуваме до гратчето Ана Капри – лутиот соперник на градот Капри во средниот век. Прошетка низ Ана Капри со локален водич. Слободно време за индивидуален разглед на местото. Слегуваме (со организиран превоз) до истоимениот главен град на островот...посета на Градините на Царот Августин, Виа Круп, Марина Пикола, локалитетот Фараглионе (3-те стени, симболот на островот), Пјаца Умберто со надалеку познатата камбанарија од 17.век и сатот обложен со мајолика...можност за прошетка низ старите улици, продавници со локална роба, сувенирници, како и бутиците со фирмирана роба од највисок квалитет...состанок на групата на претходно договореното место во 17.00 часот. Поаѓање за Соренто. Слободно време за индивидуален разглед на градот...плоштадот Тасо, црквата Св.Антонио, вила Комунале, улицата Виа Корзо Италија...Состанок на групата на претходно договореното место во 20.30 часот. Враќање за Неапол.  Ноќевање.


4.ДЕН (02.05.2020 - сабота) : НЕАПОЛ – АМАЛФИ – ПОЗИТАНО

 Појадок. По појадокот слободно време за индивидуален разглед на градот или факултативен целодневен излет за Амалфи и Позитано – „бисерите“ на туристичката понуда на Италија, 2-та града се секоја година во првите 10 најбарани дестинации во Италија, како за викенд, така и за летен одмор од страна на туристите...се наоѓаат на Сорентинскиот полуостров, а Амалфи беше првиот град кој воспостави силна поморска врска со Византија и Блискиот Исток. Над гратчето стрмо се издигнува планината Латаро, која го затвора местото од копно и така оневозможува ширење на местото...од друга страна, поради оваа причина, од гратчето има прекрасни поглед кон морето. Патувањето продолжува кон Позитано – едно од најмонденските места во Италија...се наоѓа веднаш до Амалфи. Заљубени во неговите тесни кривулести улици, куќи кои датираат од средниот век, многу познати личности од светскиот џет-сет купиле имоти во ова мало место...прошетка и разглед на овие 2 прекрасни места кои ќе Ве остават без здив со локален водич...враќање во Неапол во касните попладневни часови. Ноќевање.


5.ДЕН (03.05.2020 - недела): НЕАПОЛ – ПОМПЕА – БАРИ 

 Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за Помпеа...факултативна посета на најпосетуваниот археолошки локалитет во Италија, град кој трагично престана да егзистира како последица од вулканската ерупција на вулканот Везув...поаѓање за Бари во попладневните часови. Пристигнување во Бари околу 18.00 часот...можност за посета на базиликата Св.Никола, со поклонение на неговите мошти...трансфер на брод. Вечерна пловидба кон Драч.


6.ДЕН (04.05.2020 - понеделник): ДРАЧ – КИЧЕВО

 Пристигнување во Драч во утринските часови. Поаѓање за Кичево...пристигнување во Кичево во касните попладневни часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 14.490,00 ден. (234,5 €)

                                                       

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Исклучиво во денарска противвредност


НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: 20 % од сумата при резервација – готовински. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 

Автобуски превоз на горенаведената релација,

разглед на Неапол со стручен водич,

3 НП во Соренто или Неапол (околина) во хотел со 3*, бродски превоз (дек-седишта) на релација  Драч –Бари - Драч (доплата за кабина – 15 € по лице во правец,

пријава со самата резервација во агенцијата), посета на Бари,

водство и реализација на аранжманот.


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 

 Факултативните излети и посети,

влезниците при посета на културно-историските споменици,

патничкото осигурување. 


ЦЕНИ за ФАКУЛТАТИВАТА: 

факултативната посета на Капри – 60 € по лице (повратна бродска карта + локален водич + трансфер; пријава и уплата со резервацијата – во агенција),

полудневниот факултативен излет за Амалфи и Позитано – 40 € по лице (трансфер + превоз со мини-бус + локален водич),

посета на Помпеа – 15 € по лице (трансфер+влезница).

За сите факултативни излети, минималниот број за остварување на истите е 30 патници.


НАПОМЕНА: 

 Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето. Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено. За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи. За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.