ASTARTI HOUSE (53)

 

Astarti e новоизграден објект, кој се наоѓа во центрaлниот дел на Лептокарија, на околу 120 метри од плажата. Во рамките на комплексот, кој ќе биде еден од најубавите во Лептокарија има базен, мини парк и рецепција. Располага со модерно опремени двокреветни и трокреветни студија, сместени на 1. и 2. кат. Сите сместувачки единици имаат основно опремена кујна со фрижидер, решо, садови и прибор сразмерно со бројот на кревети, купатило, тераса, LCD TV со сателитски канали, Wi-Fi и клима уред чие користење е вклучено во цената за наем. Постелнината се менува на 5 дена.

 

15% попуст за комплетна уплата во готово со резервација до 01.02.2018

10% попуст за комплетна уплата во готово со резервација до 01.03.2018

5% попуст за комплетна уплата во готово со резервација до 01.05.2018

 

 

 Влез во собите е во 16 ч а напуштање во 9 ч

 за хигиената на собите за време на престојот се грижите сами и потребно е истите да ги оставите во чиста состојба (испразнет и исклучен фрижидер на 0, фрлено ѓубре, измиени садови...)

 дозволено е дете до 6 год да го дели креветот со родителите или 2 деца до 10 год да делат еден кревет

 било какви промени за веќе потврдена резервација се наплаќаат 15 еур

 По пристигнувањето потребно е да се јавите на претставникот за да Ве упати како да ја најдете куќата и да Ве регистрира. Доколку не можете сами да ја најдете, претставникот ќе Ве смести најбргу што може

 плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден

ВАЖНО! Од 01.01.2018 год. се наплаќа такса за престој во приватно смесување во Грција во висина од 0,5 ЕУР на ден по сместувачка единица (студио/апартман/дуплекс). ЗА ОВОЈ ОБЈЕКТ ИЗНОСОТ СЕ ПЛАЌА ВО АГЕНЦИЈА, ПРИ РЕЗЕРВИРАЊЕ, И ИСТИОТ НЕ ПОДЛЕЖИ НА ПОПУСТ!