• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

МИЛАНО сигурна реализација (23)

Лугано-Комо-Сирмионе

1 ден  28.12.201

Состанок на групата во 09:30 часот. Поаѓање за Милано во 10:00 часот Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

 

2 ден  29.12.2019 FRANCIACORTA OUTLET - МИЛАНО   

Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време (2 часа) за предновогодишен шопинг. Продолжуваме кон Милано.Пристигнување во Милано во попладневните часови. Сместување во хотел. Можност за прошетка по раздвижените и прекрасно украсени улици на модниот центар на светот, многубројните дуќани, луксузни трговски центри (индивидуално)… Можност за шопинг по најкреативните божиќни тезги поставени во центарот на Милано…  Враќање  во хотел. Ноќевање.

 

3 ден   30.12.201МИЛАНО- ЛУГАНО(ШВАЈЦАРИЈА)-КОМО

 Појадок.  Предлагаме целодневна посета на Лугано(Швајцарското Монте Карло) и Комо. Разглед на Лугано: катедралата San Lorenzo, црквата Santa Marina di Angelo, стариот град со пркрасните плоштади, казиното, најубавиот парк во Швајцарија “Parco Civico”. Слободно време за прошетки.  Потоа го посетуваме  градчето Комо кое се наоѓа на брегот  на езерото Лаго ди Комо (Италија). Тука Холивудскиот џет-сет има свои вили ( Villa Oleandra на Џорџ Клуни) , вилите на Стинг, Ричард Брансон . Тука е сниман и филмот “Casino Royale” - Џемс Бонд, “Ocean’s Twelve… Можност за факултативно крстарење (30 мин) со брод  покрај некои од прочуените вили .Слободно време за прошетки.  Излет со многу впечатоци. Враќање во Милано во вечерните часови. Ноќевање.

 

4ден 31.12.2019 МИЛАНО   

Појадок. Предпладне факултативно одиме на разглед на градот: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот... Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел, слободно време за одмор. Вечерта дочек на Нова Година на градскиот плоштад.  Ноќевање.

 

5 ден  01.01.2020 МИЛАНО –ВЕРОНА 

Појадок. Тргнуваме со попатна посета на  Верона. Пристигање во Верона во попладневните часови. Разглед на градот со посета на куќата  на Јулија, колосеумот, плоштадите Бра и Ебре. Слободно време за индивидуални прошетки. Во вечерните часови поаѓање за Македонија. Патувањето продолжува  преку Словенија, Хрватска, Србија со попатни паузи .

 

6 ден  02.01.2020 

Пристигнување во попладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗАРЕЗЕРВАЦИИ ДО 15 НОЕМВРИ:  18 / 11.720 денари

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  199  / 12.340 денари


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје-Милано -Скопје
3 ноќевања во хотел 3* НП во Милано(околина)
Посета на Верона
Организација и водство на програмата
Организација на аранжманот
Лиценциран туристички придружник
Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Охрид,  Кавадарци ( Дреново), Струмица, Штип, Велес* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

Задолжително патничко осигурување
Разглед на Миланосо локален водич 10€       
Факултативен излет за Лугано и Комо  35€        
Крстарење по езерото Комо(30мин) 10€        
Туристичка такса Милано 5€ по лице по ноќ (се плаќа во агенција)        
Доплата за еднокреветна соба – 4.650 ден

 

НАПОМЕНИ:

 За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.        
Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата        
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари        
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање        
Останатите услови на патување важат според годишниот програм на т.а.Меридијан
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.        
Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.