• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA PAPA NIKOS (6)

 

Објект кој се наоѓа во централниот дел на Врахос, на прв ред од плажа, на шеталиште. Во склоп на самиот објект се наоѓа ланч бар Коко во кој се служи појадок и вечера, а напред на плажата пред објекотот има лежалки кои се користат со пијалок. Студијата се модерно уредени, со брачен и дополнителен кревет, чајна кујна за подготвување на пијалоци, фрижидер, ТВ, клима уред (користењето е со доплата 4€ дневно) и тоалет.

 

ТЕРМИН

1/2 само наем

1/2 со појадок 

01.06-08.06

104 €

109 €

08.06-15.06

134 €

139 €

15.06-22.06

154 €

159 €

22.06-29.06

174 €

179 €

29.06-06.07

184 €

189 €

06.07-13.07

204 €

209 €

13.07-20.07

214 €

219 €

20.07-27.07

224 €

229 €

27.07-03.08

234 €

239 €

03.08-10.08

264 €

269 €

10.08-17.08

264 €

269 €

17.08-24.08

254 €

259 €

24.08-31.08

244 €

249 €

31.08-07.09

184 €

189 €

07.09-14.09

144 €

149 €

14.09-21.09

124 €

129 €

21.09-28.09

104 €

109 €

Цени:

 - Се дадени по лице, за минимум две платежни лица за 7 ноќевања за услуга согласно описот во табелата, со вклучен автобуски превоз, по курс од 1€ = 61.8 ден

 - За аранжман со сопствен превоз се одобрува 35€ од вкупната цена по лице

 - Доплата за вечера е 10€ по лице од ден, за деца до 6 години - 6€ од ден

 - Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа директно во објектот

 

Сместување:

 - Едно дете од 2-6 год. може да се смести бесплатно на дополнителен кревет во 1/2 студио (плаќа само превоз 35€) со добиено одобрение од агенцијата и сопственикот на објектот

 - Користењето на клима уред е со доплата од 4€ на ден

 

Попусти:

 7% за уплата на два или повеќе поврзани термини

25% за целосна уплата во ДЕКЕМВРИ

20% за целосна уплата во ЈАНУАРИ

15% за целосна уплата во ФЕВРУАРИ

10% за целосна уплата во МАРТ

5% за целосна уплата во АПРИЛ

Горенаведените попусти не можат да се комбинираат

 

Превоз:

 - Секоја сабота поаѓање од Битола во 03:30 час. враќање во времето одредено од пратителот на групата

- Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да минува автобус

- Цена за само автобуски превоз на наведените термини изнесува 35€ по лице

- 5€ доплата за пакет аранжман по лице од Охрид, Струга, Кичево, Прилеп и Ресен

 

Напомена:

 - За резервација со попуст, потребна е аконтација од 50% од вкупниот износ на аранжманот, додека останатите 50% од износот треба да се доплатат додека трае месечниот попуст

- При промена на име и презиме, број на патници или термини, попустите дадени во дадениот месец нема да важат, односно ќе важат цените во периодот кога ќе се изврши промената

- Задолжително е здравствено и патничко осигурување

- Патниците се одговорни за важноста на нивните патни исправи, како и бројот на искористени денови за престој во ЕУ.

- Агенцијата не е одговорна за интензитетот и квалитетот на интернет врската во сместувачките капацитети во текот на престојот на гостите, како и за периодите со топла и ладна вода.

 

Куќен ред:

 - Студијата/апартманите се напуштаат во 08:00 часот, во студијата се влегува после 13:00 часот

- Гостите се сместуваат во претходно подготвени и уредени соби, со обврска сами да се грижат за редот и хигиената на истите во текот на престојот. По завршувањето на престојот гостите се обрзани да ги остават студијата/апартманите во пристојно чиста состојба.

- При употреба на клима уредот се молат гостите да ги затвораат вратите и прозорците. При напуштањето на студијата/апартманите се молат гостите да го исклучуваат клима уредот. Во спротивно, сопствниците на сместувачките капацитети имаат право да го забранат користењето на услугата.

- Гостите се должни да ги остават апартманите и студијата во иста состојба како што ги затекнале. Опремата во студијата/апартманите и на терасите да биде неоштетена. Инвентарот мора да биде на број.

- Во случај на направена штета или губење на клучеви, гостите се должни да ја надокнадат штетата и да платат кај сопствениците на сместувачките капацитети пред заминување.

- Во случај на забелешки во врска со сместувањето или евентуални проблеми настанати во текот на престојот, гостите се должни да ја пријават забелешката или проблемот кај сопствениците на сместувачките капацитети и претставнците на агенцијата во текот на нивниот престој. Агенцијата не сноси одговорност за забелешки и проблеми пријавени после завршувањето на престојот на гостите.