• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

НЕА ВРАСНА / ВРАСНА / СТАВРОС

НЕА ВРАСНА
ВРАСНА БИЧ (ВРАСНА ПАРАЛИА)
СТАВРОС
АСПРОВАЛТА

Како релативно нова туристичка дестинација, Неа Врасна веќе го има своето место пред многуте слични во регионот на Струма и општината Агиос Георгиос. Близината до познатата Аспровалта и прекрасната заедничка плажа покрај големиот залив, на Неа Врасна дополнително и ја обезбедуваат постојаната актуелност - како најблиска туристичка населба, која го дополнува ограничениот капацитет на старата туристичка дестинација. Големиот број на нови објекти за сместување, одлично средената плажа со мноштво блиски паркинзи и паркови, навистина го даваат впечатокот за модерно организирано туристичко место. Придобивките кои произлегуваат од одличната инфраструктура, близината на околните туристички места и мноштвото содржини кои се наменети за туристите, се доволни карактеристики кои го објаснуваат нејзиниот квалитет. Во значителен дел, Неа Врасна се препознава и како едно од најпосакуваните летувалишта на солунските семејства. Можеби токму поради тоа многумина од нив, токму во нејзе ги имаат изградено своите куќи и вили за одмор. Сите останати содржини кои ја дооформуваат туристичката слика за Неа Врасна, се сосема идентични со оние кои ги имаат и Аспровалта, Врасна или градот Ставрос.

read more