• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

РИМ (1)

29.декември (недела)  СКОПЈЕ - РИМ 
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:10 часот. Лет за Рим W6 7757 во 18:10ч. Пристигнување во Рим во 19:45 часот. Трансфер до хотелот со  панорамско разгледување на градот: Виа Венето, Шпанските скали, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Колосеумот, мостовите на Тибар, црквата Св. Петар, Фонтаната Ди Треви... Сместување и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

30.декември (понеделник)  РИМ - ВАТИКАН - НАВОНА
Појадок. Факултативна посета на Ватикан, еден од најголемите музејски комплекси во светот каде се изложени многубројни уметнички дела собрани од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата Јулиј II во 1506г. Посета на Сикстинската капела, Ватиканските музеи, Рафаеловите соби, црквата Св.Петар... По разгледот, препорачуваме прошетка покрај Замокот на Ангелите и преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, изграден врз темелите на Стадионот на Доминицијан од 1ви век. Познат и како уметничка четврт на Рим, плоштадот Навона е гордоста на барокот на градот Рим со скулптури и архитектонски дела од Џан Лоренцо Бернини: познатата фонтана Fontana dei Quattro Fiumi, црквата Св.Агнеса во Агонија од Боромини и Рајналди.... Можност за краток одмор за ручек или уживање во вкусот на италијанското кафе. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.

31.декември (вторник)  РИМ – ТИВОЛИ
Појадок. Факултативна посета на местото Tиволи. Прекрасната Villa D’Este и нејзината градина се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Попладне ви препорачуваме прошека по познатата Виа Дел Корсо (најпознатата шопинг улица), посета на фонтаната di Trevi, пред да продолжите понатаму незаборавајте да фрлите паричка, за да го обезбедите вашето враќање во Вечниот град. Имајте пријатна кафе пауза покрај познатите Шпански скали. Прослава на Нова Година на некој од градските плоштади.  Ноќевање.

01.јануари (среда)  РИМ (Римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил)
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Можност за факултативна прошетка низ Рим со метро и посета на катедралите Сан Џовани Латерано, Санта Марија Маџоре, црквата Сан Пјетро ин Винколи, прошетката продолжува покрај Колосеумот (мала пауза за фотографирање) до црквата Сан Клементе каде ќе ги посетиме капелата и гробот на Св. Кирил... Попладне препорачуваме прошетка низ познатиот боемски кварт Трастевере: Црквата Св.Марија ин Трастевере, ренесансната палата Фарнезе, ботаничката градина или посета на единствениот остров на Тибар, каде во минатото се појавила и првата Римска Населба. На островот можете да ја посетите црквата Св. Бартоломеј. Слободно време за вечера во некој од многубројните традиционални италијански ресторани во Трастевере. Ноќевање.

02.јануари (четврток)  РИМ  - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно утро за индивидуални прошетки. Трансфер до аеродромот во Рим во 16:30ч. Лет за Скопје W6 7758 во 19:35ч. Пристигнување во Скопје во 21:10 часот.
 Цени на аранжманот во претпродажба:

“STANDARD” 439 € пакет со вклучен панорамски разглед
“SUPERIOR” 554 € пакет со вклучени 4 разгледи
 
 
РАЗГЛЕДИ И ПОСЕТИ STANDARD SUPERIOR
Организиран панорамски разглед на Рим

Посета на римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил (со вклучена метро карта, без влезница)

20 €

Посета на Ватикан: резервација, слушалки, водич и влезница (превоз со метро) 50 €

Посета на Тиволи со превоз, водич и влезница 60 €

√ - вклучено во пакет цената на аранжманот !


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација: Скопје - Рим - Скопје (со "Wizz Air")
- Сместување во хотел *** (групација: www.raelihotels.it), на база 4 ноќевања со појадок
- Панорамски разглед на градот Рим со локален водич
- Голема кабинска торба (55x40x23cm), максимум 10кг.
- Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром - хотел - аеродром
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Аеродромски такси (60€)
- Здравствено - патничко  осигурување - 164 мкд.
- Туристичка такса во хотел *** е 4€ по лице за ноќ (се наплатува на рецепција)
- Пријавен багаж до 10кг. (55x40x23cм) + WizzPriority - 650 мкд по правец
- Пријавен багаж до 20кг – 1.850 мкд по правец
- Пријавен багаж до 32кг – 2.150 мкд по правец
- Доплата за 1/1 соба – 128€
- Билети за превоз со метро 1,5€ по правец / 7€ дневен билет 
- Влезници за културно-историските споменици


НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмот