• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ВЕНЕЦИЈА, МИЛАНО, ВЕРОНА и ТРСТ (65)

 

1 ДЕН ЧЕТВРТОК (05.03.2020) ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Состанок на групата  во 16:30 часот. Поаѓање за Венеција во 17:00 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.


2 ден ПЕТОК (06.03.2020)– ТРСТ- ПАЛМА НОВА- ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Пристигнување во Трст  во утринските часови. По разгледот на градот упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија  – Palmanova Outlet Village. Поаѓање за Лидо ди Јесоло во попладневните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.


3 ден САБОТА (07.03.2020)  – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО– ВЕРОНА- МИЛАНО
По појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија, започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија.По слободното време продолжуваме кон градот на модата Милано. Пристигнуваме во пладневните часови. Разглед на градот со локален водич:тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo,централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот,потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle,најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки низ градот кој е бисер на северниот дел на Италија. Во вечерните часови заминување кон Лидо ди Јесоло.Ноќевање.


4 ден НЕДЕЛА (08.03.2020) ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО– ВЕНЕЦИЈА

Појадок, и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони и поаѓање за Скопје, преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во пладневните часови.


РЕДОВНА ЦЕНА: 119 евра (7378 денари) 
"BLACK FRIDAY" ЦЕНА: 89 евра (5518 денари)

 Во цената на аранжманот е вклучено:

*Превоз со високотуристички автобус на наведената релација

* Посета на Трст

*2 ноќевања со појадок во хотел 3***

*Организиран разглед на Венеција

*Организација на аранжманот и туристички придружник од Т.А Меридијан во текот на целото патување.

*Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци(црна река),Велес и Куманово.

 Во цената на аранжманот не е вклучено:

*Превоз со брод од Пунта Сабиони до Венеција плус разглед  (20 €)

*Факултативна посета на Верона и разглед на Милано со локален водич (40€)

*Патничко осигурување