• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ЗЛАТИБОР (15)

 

Златибор Со посета на Сирогојно, Вишеград, Дрвенград

 

Прв ден: 10.10.2019

Поаѓање на групата во 21:00 h . Патувањето е преку граничниот премин Табановце со попатни паузи за царински формалности и одмор.

 

Втор ден: 11.10.2019

Пристигнување во Златибор во утринските часови. Слободно време за прошетка низ градот. Околу пладне сместување во Вила Јелена, која се наоѓа во центарот на Златибор, (http://www.vilajelena-zlatibor.com/ ) во двокреветни и трокреветни соби. Краток одмор од патувањето. Заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено и специјалната продавница за џемпери, по кои Сирогојно е познато низ светот. Враќање во вилата. Вечера во ресторанот. Ноќевање.

 

Трет ден: 12.10.2019

Појадок. Заминување на групата кон Вишеград, Република Српска. (факултативно) Пристигнување во Вишеград и разглед на градот со локален туристички водич: Мостот на Дрина,Андриќ град, ремек делото на познатиот филмски режисер Емир Костурица кој го направил овој “град во град”, посветен на познатиот писател Иво Андриќ. Слободно време за ручек и прошетка низ градот. Во попладневните часови враќање кон Златибор со попатна посета на Дрвенград, уште едно дело на Емир Костурица кој го направил овој “град” за потребите на својот филм “Животот е чудо”. Во вечерните часови враќање во Златибор. ВечераНоќевање.

 

Четврти ден: 13.10.2019

Појадок. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор и пазарот за сувенири и за добро познатата златиборска пршута и кајмак. Тргнување за Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 6.000 денари

 

Цената на аранжманот вклучува:

Превоз со високо туристички автобус на наведена релација

Две ноќевања со појадок и вечера во Вила Јелена во центарот на Златибор

Посета на Сирогојн

Организација и реализација на патувањето

 

Цената на аранжманот не вклучува:

Посета на Дрвенград и Вишеград со локален водич – 5 евра

Влезница во музејот во Сирогојно – 150 динари ( околу 80 денари)

Влезница во Дрвенград 250 динари ( околу 120 денари)

Туристичка такса која се плаќа на рецепција на хотелот- 2 евра по лице за двете ноќи

Патничко осигурување

 

Напомена: За реализација на ова патување потребни се минимум 40 патници.