• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

АРАНЖМАНИ СО АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

САНТОРИНИ (28)

 

1.ДЕН (16.04.2020 - Четврток) КИЧЕВО - АТИНА (ПИРЕА) 

 Состанок на групата во 15:00 часот. Поаѓање за Грција во 17:15 часот... се патува преку г.п. Меџитлија со куси попатни паузи и царински формалности. Патувањето продолжува (ноќно возење) кон Атина/ Пиреа.


2.ДЕН (17.04.2020 - Петок) ПИРЕА – САНТОРИНИ 

 Пристигнување на пристаниште Пиреа во раните утрински часови, чекирање и сместување на фери. Поаѓање од пристаниште во 07:25 часот...пловидба кон Санторини. Пристигнување на Санторини во 15.30 часот, следи трансфер од пристаниште до хотел - сместување во хотел во Камари. Време за краток одмор и релаксација. Околу 21.00 часот - следи факултативна посета на најсветото место на островот ПИРГОС каде на ВЕЛИКИ ПЕТОК се поклонуваат сите христијански верници проследено со специфичен традиционален ритуал кој го приредуваат мештаните. Целото село е осветлено со илјадници запалени свеќички од смола, кој и најсилниот ветер на овој ден не може да ги изгасне. По завршувањето на ритуалот можност за посета на црквата, разглед на ПИРГОС кој така осветлен ќе не остави без здив од преубавата глетка, слободно време за индивидуални активности. Вракање во хотел. Ноќевање.


3.ДЕН (18.04.2020 - Сабота) САНТОРИНИ Појадок. 

По појадокот, околу 10 часот заминување на факултативна целодневна екскурзија и разглед на островот...археолошкиот град Акротири, последните остатоци од Миноанската цивилизација, место кое многумина го споредуваат со Помпеа, затрупано со вулканска лава во 2-от век п.н.е. Можност за посета на музејот, каде можете да ги погледнете прекрасно сочуваните куќи, скали, улици кои го краселе тоа место тогаш (влезница за локалитетот се плаќа дополнитено по цена која е на каса)...посета на „црвената“ плажа, Манастирот Св.Пророк Илија (Prophitis Ilias) кој се наога на највисоката точка на островот, од каде се пружа прекрасен поглед на целиот остров (можност за фотографирање), посета на Фира и Имеровигли - Калдера. Во вечерните часови посета на најмонденското селце OIA...можеби сте слушнале, можеби сте гледале на слики, сега е време да ја почувствувате магичноста на едно од најпознатите светски залези на сонцето кое се случува токму на тоа место...питорескната и монденска OIA, изградена на северниот дел од Калдера од каде се гледа остатокот на островот и Егејското море била испирација за многу поети, сликари и писатели...враќање во хотелот во вечерните часови. Во доцните вечерни часови (велика сабота) подготовка за традиционална посета на некоја од православните цркви по наш избор каде се чествува ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ, по црковните ритуали - враќање во хотел. Ноќевање.


4.ДЕН (19.04.2020 - Недела) САНТОРИНИ 

 Појадок. По појадокот - слободно време или факултативно крстарење...посета на Неа Камени (новонастанатиот вулкан ПЕС – обавезна доплата од 2,5 € за искачување до врвот на истиот) – можност за фотографирање покрај активниот кратер...продолжуваме кон островот Тирасија, можност за кафе-пауза или ручек во таверните кои се поставени на самото море...крстарењето продолжува кон Палиа Камени (стариот вулкан), каде ќе имате можност за капење во термалните води...пловидбата продолжува долж сртот на островот, од каде се гледаат градовите Иа и Фира...враќање во хотел.  Ноќевање.


5.ДЕН (20.04.2019 - понеделник) САНТОРИНИ 

 Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Факултативна посета на на најубавата и една од таков вид винарија во Грција - Koutsoyannopoulos Winery - Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа) во должина од 300 метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите 14 генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес. По посетата на винаријата следи слободно време во Фира и околу 14.00 часот, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на фери. Денско и ноќно пловење према Пиреа. Пристигнување на пристаниште во Пиреа  околу 23:30 часот. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола во раните утрински часови – наредниот ден.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 13.390 ден. (216 €)

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 

 Превоз со високо туристички автобус на релација Кичево – Пиреа - Санторини - Кичево,

4 НП во хотел 3* во Камари,

Фери карта : Пиреа – Санторини – Пиреа, трансфер (пристаниште - хотел – пристаниште (на Санторини)

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 

Факултативи по програмата,  

патничкото осигурување,

влезници за музеи и локалитети,

Посета на Пиргос (превоз + локален водич) - 5 € по лице (препорака!),  

целодневен разглед/екскурзија на островот (превоз + локален водич) - 35 € по лице (препорака!), Крстарење со брод + вулкан - 35 € по лице (препорака!),

посета на винарија (резервација + превоз + влезница + и дегустација на вино) - 18 € по лице.


ПОПУСТИ и ДОПЛАТИ :

-          Доплата за еднокреветна соба 1/1 – 55€/3.410 ден.

-          Дете до 2 години, плаќа само превоз – 60€/3.720 ден.

-          Прво дете до 7 години, а не користи кревет спие со родители, плаќа само превоз + брод – 130€/8.060 ден.

-          Второ дете до 12 години, плаќа минус 30% од вкупната сума на аранжманот.

НАПОМЕНА :

-          За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

-          Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби.

-          За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ. Целосна доплата 10 дена пред патување.

-          За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот.

-          Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација да си проверат дали патната исправа е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.

-          Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.