• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

НОВА '20 - автобус

ИСТАНБУЛ 4 ноќи (6)

1 ден (петок – 27.12.2019)

Состанок на групата во 17:00 часот. Поаѓање за Турција во 17:30 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Воден, Солун, Кавала, Александрополис, г.п. Ипсала, Текирдаг... ноќно и денско патување, со кратки попатни паузи.

 

2 ден (сабота – 28.12.2019): ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Можност за посета на Лалели, Бејазит, Капали Чаршија со претставник од агенција. Околу пладне сместување во хотел. Слободно време за одмор или индивидуални прошетки. Во попладневните часови, факултативна посета со локален водич, на азискиот дел на Истанбул – брегот на Ускудар со романтично зајдисонце кое ја отсликува силуетата на Истанбул, посета на легендарната Девојачка Кула и плоштадот Таксим. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден (недела – 29.12.2019): ИСТАНБУЛ

Појадок. После појадокот, факултативна посета на Принцевските Острови, релаксиран, полудневен излет. Овој архипелаг се наоѓа на само неколку километри од Истанбул. Архипелагот се состои од девет острови, од кои го посетуваме Buyuk Ada. Бидејќи на островот е забрането користење на моторни воизла, на посетителите им се нуди транспорт со коњ и кочија. Тука владее мир и тишина, и од време на време се слуша звукот од електричните велосипеди и звуците од галебите. Во имантото, овде биле праќани во егзил најчесто претендентите за престолот во Византија. Денеска, овие острови се една од најголемите туристички атракции во земјата. За време на викендите, добар дел од населението на Истанбул доаѓа да се одмори токму на овие острови. После пладне враќање во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови, факултативно, организирана турска вечер во времетраење од неколку часа, со мени, традиционални танци и шоу програма.

 

4 ден (понеделник – 30.12.2019): ИСТАНБУЛ

Појадок. После појадокот, факултативен повеќечасовен пешачки разглед на значајните места низ Истанбул: Галата Кула и влез во истата, која нуди неповторлива панорама на Истанбул. Разгледот продожува со посета на Чаршијата на зачини и пауза за ручек покрај море на Галата Мост. Потoа следувa посета на плоштадот Султанахмет, Аја Софија, Топ Капи – Палатата на султаните (без влезници), Сината Џамија. После пладне враќање во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови, факултативно, ноќен разглед со локален водич, за еден сосема поинаков поглед на градот кој во вечерните часови блеснува со магичен сјај: Валенсовиот аквадукт, Шехзаде џамијата, мостовите на Босфор (врската меѓу Азија и Европа), Чамлиџе со неверојатен поглед на европската страна на градот... од таму продолжуваме кон трговскиот центар Watergarden, каде освен време за купување, вечера и кафе, има време за уживање во шоуто на светлечките музички фонтани. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање.

 

5 ден (вторник – 31.12.2019): ИСТАНБУЛ

Појадок. После појадокот поаѓање за факултативна посета со стручен локален водич на втората по големина џамија во Истанбул, џамијата на Сулејман Величенствениот, каде воедно се наоѓаат гробниците на Султан Сулејман и Хурем Султан и најпознатиот отомански архитект, Мимар Синан. Понатаму екскурзијата продолжува со посета со влезница на Базилика Цистерна – Јеребатан. После пладне слободно време за одмор или индивидуални прошетки... Во доцните попладневни часови поаѓање за факултативна посета на две од маалата популарни за вечерни излегувања – Кадикој на азиската страна и Ортакој на европската страна на градот, под мостот на Босфор, каде и ќе ја дочекаме Новата Година на брод во водите на Босфор, помеѓу двата континети. Враќање во хотел во ноќните часови. Ноќевање.

 

6 ден (среда –01.01.2020): ИСТАНБУЛ

Појадок. По појадокот – факултативно крстарење по Босфор со локален водич, каде од една сосема друга перспектива се доловува грандиозноста на еден од најбајковитите градови на светот. Понатаму продолжуваме со посета на Цариградската Патријаршија. Продолжување на факултативниот излет со посета на едно од најромантичните места во Истанбул: Pierre Loti видиковецот. Пауза за кафе со Златен Рог на дланка. Посета на трговскиот центар Форум и можност за посета на аквариумот или 4Д симулатор на хелихоптерски лет над Истанбул или Турција. Поаѓање за Македонија во доцните попладневни часови.  

 

6 ден (четврток – 02.01.2020)

Пристигнување во утринските часови.


Цена на аранжманот: 8.840,00 денари

-            Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот  

 

Цената на аранжманот вклучува:

Автобуски превоз на горенаведената релација
4 ноќевања со појадок во хотел со 3*
Посета на трговски центар Форум
Организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

Посета на Такисм, Ускудар и Девојачката Кула на Босфор – 15€
Посета на Принцевските Острови – 20€
Организирана забавна турска вечер – 30€
Разглед  со водич на знаменитостите на Истанбул (Султанахмет, Аја Софија, Топ Капи, Сината Џамија, Чаршијата на зачини, Галата Мост и Галата Кула со влезница) – 20€
Посета на џамијата Сулејмание и Базилика Цистерна – 15€
Посета на Кадикој и Ортакој и дочек на Новата Година на брод – 25€
Ноќен панорамски разглед, Чамлиџе и посета на Watergarden – 15€
Крстарењето по Босфор со локален водич и  посета на Pierre Loti – 20€
Патничко осигурување

 

Напомена:

 За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.