НЕА КАЛИКРАТИЈА

VILA EVI 2 10 nokji (17)

Првото туристичко место кое ќе Ве сретне на патот кон Касандра е Неа Каликратија, оддалечено само 40 километри од Солун. Градот кој живее цела година изобилува со ресторани, таверни, амбуланта, аптеки, маркети, слаткарници, продавници (Lidl, Masutis, Marinopoulos)....Во центарот се наоѓа голем парк со забавни игри за децата и уредена песочна плажа во должина од 800 метри. На само 5 километри од градот се наоѓа познатата плажа Sahara, надградена со Сино знаме за чистота која нуди одлична забава за младите.

 

Вилата Evi II е лоцирана во самиот центар во Неа Каликратија, на само 120 метри метри од морето. Вилата е поставена на самата улица која води дирекно кон плажата  меѓу изобилство продавници, маркети и пекари, гиро и ресторани. Располага со пространи студија и апартмани кои се наоѓаат на прв и на втор спрат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни или електрично решо, фрижидери и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Апартманите имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сопствен бојлер, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Вила „Evi II” - Неа Каликратија 

Термин:

Ноќевања:

1/3 студио

1/5  апартман  

22.05-01.06.2022

10

200 (12.400 ден.) 

280 (17.360 ден.) 

01.06-11.06.2022

10

280 (17.360 ден.) 

360 (22.320 ден.) 

11.06-21.06.2022

10

350 (21.700 ден.) 

440 (27.280 ден.) 

21.06-01.07.2022

10

440 (27.280 ден.) 

540 (33.480 ден.) 

01.07-11.07.2022

10

500 (31.000 ден.) 

600 (37.200 ден.) 

11.07-21.07.2022

10

580 (35.960 ден.) 

700 (43.400 ден.) 

21.07-31.07.2022

10

580 (35.960 ден.) 

700 (43.400 ден.) 

31.07-10.08.2022

10

580 (35.960 ден.) 

700 (43.400 ден.) 

10.08-20.08.2022

10

580 (35.960 ден.) 

700 (43.400 ден.) 

20.08-30.08.2022

10

500 (31.000 ден.) 

600 (37.200 ден.) 

30.08-09.09.2022

10

400 (24.800 ден.) 

500 (31.000 ден.) 

09.09-19.09.2022

10 

300 (18.600 ден.) 

400 (24.800 ден.) 

19.09-29.09.2022

10

200 (12.400 ден.) 

300 (18.600 ден.) 

 

 

 

- - Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10  ноќевања без вклучен превоз

- Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети  

- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

- Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

- Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Каликратија

- Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции

- Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра

 

Студио бр. 3

 

Трокреветно пространо студио на прв спрат во вилата. Има два единечни кревети со нормална димензија и еден кауч на кој може да спие едно возрасно лице или две деца до шест години. Опремено е со мебел, телевизор и клима. Во истата просторија се наоѓаат и елементите од кујната опремена со електрично решо, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и садови за готвење и јадење. Има купатило со нормална големина, а затоплувањето на водата е со бојлер. Студиото има пространа тераса со пластична маса и столчиња која има поглед кон улицата.

 

Студио бр. 5

 

 

Трокреветно пространо студио на прв спрат во вилата. Има еден дупли кревет со нормална димензија и еден кауч на кој може да спие едно возрасно лице или две деца до шест години. Опремено е со мебел, телевизор и клима. Во истата просторија се наоѓаат и елементите од кујната опремена со електрично решо, аспиратор, мал фрижидер и садови за готвење и јадење. Има купатило со нормална големина, а затоплувањето на водата е со бојлер. Студиото има пространа тераса со пластична маса и столчиња која има поглед кон улицата.

 

Апартман бр. 4

 

1/5 апартман на прв спрат во вилата. На самиот влез во апартманот се наоѓаат елементите од кујната, сосема издвоени од спалните соби. Тука има мини шпорет, асприратор, голем фрижидер со одделна комора и садови за готвење и јадење. Апартманот има други две простории кои се спални. Во првата соба има два единечни кревети со нормална димензија, мебел и клима. Од оваа соба се влегува во купатилото кое е со нормална големина, а затоплувањето на водата е со сопствен бојлер. Од првата соба се влегува во втората спална соба во која има два единечни кревети со нормални димензии, еден кауч на кој може да спијат едно возрасно лице или две деца до шест години, мебел и телевизор. Од оваа соба се излегува на пространа тераса опремена со пластична маса и столчиња која има поглед кон улицата.