• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

НОВА '20 - автобус

ВИЕНА и БРАТИСЛАВА (65)

1 Ден: 29.12 Виена (недела)
Состанок на групата во 13:30 часот и поаѓање за Виена во 14:00 часот. Се патува преку Р.Србија и Р.Унгарија со куси попатни паузи за царински формалности и одмор.2 Ден: 30.12 Виена (понеделник)

Пристигнување во Виена во претпладневните часови. Разглед на градот со локален туристички водич : Операта, Палатите на дворецот Хофбург, Музејот на модерна уметност, Парламентот, Градското собрание, Рингштрасе, дворецот Белведере, катедралата Св.Стефан и Стефанплац.  По разгледот, сместување во хотел. Слободно време за oдмор.  Состанок на групата и организиран трансфер до центарот на градот и прошетка низ плоштадите кадешто владее предновогодишна еуфорија. Враќање во хотел. Ноќевање.


3 Ден: 31.12 Виена (вторник)

Појадок.  По појадокот, можност  за организирана факултативна посета на внатрешноста на дворецот Шенбрун и негов разглед со локален водич со вклучена влезница . Слободно време за посета паркот на дворецот . По разгледот, посета на Дунавската кула која е висока 150 метри и овозможува прекрасен панорамски поглед на Будимпешта. Враќање во хотел во попладневните часови, или можност за слободен ден со индивидуални активности. Слободно време за одмор. Вечерта организиран трансфер до центарот на градот. Дочек на Новата година на плоштадот  пред градската куќа – Ратхаус. Во договореното време собирање на групата и враќање во хотел. Ноќевање.


4 Ден: 01.01.2020 Виена-Братислава (среда)

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Братислава. Пристигнување во Братислава и разглед на градот со локален туристички водич:  средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Михалската порта, Градското собрание, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, палатата Паули во која Франц Лист го одржал својот прв концерт. Во пладневните часови заминување за Р.Македонија со попатни паузи за одмор и царински формалности.


5 Ден: 02.01 (четврток)

Пристигнување во раните утрински часови.

 

ПРОМО ЦЕНА : 8.000 денари за уплати до  15.11.2019

РЕДОВНА ЦЕНА: 8.590 денари

 

 Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација;

- 2 ноќевања со појадок во Hotel Stich 3***

***Директен линк до хотелот: https://www.stich.at/

- Разглед на Виена со локален водич;

- Разглед на Братислава со локален водич;

- Организирани трансфери од хотел до центарот на Виена и назад;

- Придружник - пратител на групата за време на патувањето;

- Организација и реализација на аранжманот.
*Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци (црна река) и Велес 

 

Во цената не е вклучено:

- Факултативна посета на внатрешноста на Дворецот Шенбурн со вклучена дневница и негов разглед со локален водич + посета на Дунавската кула со вклучена дневница - 35 евра

- Патничко и здравствено осигурување без франшиза за времетраење на патувањето 

 

 

НАПОМЕНA ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)