• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA VAIA 10 nokji (17)

 

Вилата Vaia се наоѓа на само 120 од плажата во централниот дел на Јерисос, на третиот крак Атос. Апартманите се наоѓаат на прв и на втор спрат од вилата. Сите  имаат опремени кујни, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Кујните и купатилата во вилата се целосно реновирани. Дел од сместувачките капацитети имаат тераси со поглед во дворот на вилата, а останатите се со поглед на улица. Сите тераси се заштитени со тенди. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила.

 

-15% попуст за целосна уплата до 27.12.2019


Доплата за туристичка такса 0,5 евра од ден по студио/апартман
(се плаќа во агенцијата)

- Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз 

- Во студијата и апартманите дозволено е сместувања на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети 

-Сместувањето е првиот ден после 14: 00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09:00 часот по локално време 

- При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената. По завршувањето на Вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманот во пристојна состојба.

- Ве молиме по напуштање на студијата и апартманите да не оставате неизмиени садови и одпадоци

- Користењето на клима уредот е вклучено во цената.

 Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услуга доколку го оставате апаратот да работи во времето додека сте на плажа или надвор од апартманот

- Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на соспственикот на вилата на лице место 

- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Last Minute понуда да ги објави и продава останатите слободни капацитети во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе бјавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства на име на разлика во цена

- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 евра 

- Организиран превоз 

- цена на повратен билет -35 евра , деца до 2 години бесплатно (без седиште) деца од 2- 12 години -25 евра 

 

Апартман (дуплекс) бр. 1

Четирикреветен  дуплекс апартман кој се наоѓа на прв спрат во вилата. Елементите од кујната се издвоени на самиот влез во ходникот од апартманот каде се сместени мини шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и садови за готвење и јадење. Во првата спална соба има  два единечни кревети со нормална големина, мебел, телевизор и клима уред. Од собата се излегува на долга тераса која има поглед во дворот на вилата и на улицата, опремена со пластична маса и столчиња и заштитена со тенда. Во втората спална соба има дупли кревет со нормални димензии и мебел, а од собата се излегува на истата аголна тераса. Апартманот има купатилото кое е со нормална големина, има туш и прозорец, но нема посебно издвоен простор за туширање. 

Напомена: Апартманот е со мали димензии и нема посебен простор наменет за јадење туку само за подготвување на храна.

 

Апартман бр. 2

Двокреветен апартман кој се наоѓа на втор спрат во вилата. Апартманот има издвоена кујна која е опремена со мини шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и садови за готвење и јадење. Од кујната се излегува на тераса која има поглед во дворот на вилата. Спалната соба има два единечни кревети со нормална големина, мебел, телевизор и клима уред. Од собата се излегува на тераса опремена со тенда и со пластична маса и столчиња. Купатилото е со нормална големина, има прозорец и издвоен дел за туширање.

 

Апартман бр. 3

Трокреветен апартман кој се наоѓа на втор спрат во вилата. Апартманот има две простории. Во првата која е наменета како просторија за дневен престој се наоѓаат елементите од кујната опремена со мини шпорет со рерна, аспиратор и садови за готвење и јадење. Во оваа просторија има клима, мала маса и столчиња и еден кауч на кој може да спие едно возрасно лице или две деца до шест години. Од собата се излегува на тераса која има поглед кон море, а во ходникот на апартманот е сместен голем фрижидер со одделна комора. Од оваа соба се влегува во спалната соба издвоена со врата на лизгање.  Во спалната  соба има два единечни кревети со нормална големина, мебел и телевизор. Од собата се излегува на истата пространа тераса опремена со тенда и со пластична маса и столчиња. Купатилото е со нормална големина, има прозорец и издвоен дел за туширање.

 

Апартман бр. 4

Трокреветен апартман кој се наоѓа на втор спрат во вилата. Апартманот има две простории. Во првата која е наменета како просторија за дневен престој се наоѓаат елементите од кујната опремена со мини шпорет со рерна, аспиратор и садови за готвење и јадење. Во оваа просторија има клима, мала маса и столчиња и еден кауч на кој може да спие едно возрасно лице или две деца до шест години. Од собата се излегува на тераса опремена со тенда и со пластична маса и столчиња , а во ходникот на апартманот е сместен голем фрижидер со одделна комора. Од оваа соба се влегува во спалната соба издвоена со врата на лизгање.  Во спалната  соба има два единечни кревети со нормална големина, мебел и телевизор. Од собата се излегува на истата тераса која има делумно поглед на море. Купатилото е со нормална големина, има прозорец и издвоен дел за туширање.

 

Апартман бр. 5

Двокреветен апартман кој се наоѓа на втор спрат во вилата. Апартманот има издвоена кујна која е опремена со мини шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и садови за готвење и јадење.  Спалната соба има два единечни кревети со нормална големина, мебел, телевизор и клима уред. Од собата се излегува на пространа тераса опремена со тенда и со пластична маса и столчиња која има поглед во дворот на вилата. Купатилото е со нормална големина, има прозорец и издвоен дел за туширање.