• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ДУБРОВНИК, МОСТАР И САРАЕВО (74)

 

1 ден (четврток – 10.10.2019)

 Состанок на групата околу 16:00 часот. Поаѓање за Хрватска. Патот води преку Скопје, Косово, Црна Гора. Групата патува ноќе со кратки попатни паузи и царински формалности.


2 ден (петок – 11.10.2019): ДУБРОВНИК – МОСТАР – САРАЕВО

Пристигнувањето во Дубровник е предвидено во утринските часови.
Програмата започнува со прошетка низ Страдун, тесните улички и малите плоштади, монументалните ѕидини и тврдини, градскиот часовник, Орландовиот столб, Онофриевата чешма, Палтата Спонца, црквата Св. Влах – заштитникот на градот. По завршувањето на прошетката низ Дубровник патувањето ни продолжува кон Босна и Херцеговина. Во попладневните часови е предвидено пристигнување во Мостар, градот кој со својата специфичност неретко е инспирација за културните дејци од Балканот. Слободното време во Мостар се користи за прошетка низ старата чаршија преку стариот мост. Во попладенвните часови продолжување на патувањето кон Сараево. Очекувано пристигнување во Сараево во приквечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.


3 ден (сабота – 12.10.2019): САРАЕВО

Појадок. После појадокот следува факултативна посета на Босанските Пирамиди во близина на Високо. Околу пладне враќање во центарот на Сараево. Пешачки разглед на градот со локален водич… Баш Чаршија, Парламентот, Себиљ, Цркавта Св. Михаил и Гаврил, синагогата, Џамијата Гази Хусрев Бег… Слободно време за индивидуални прошетки или за ручек во некоја од бројните популарни сараевски ќебапчилници. Враќање во хотел. Во вечерните часови факултативна организирана вечера. Ноќевање.


4 ден (недела – 13.10.2019) САРАЕВО – ВИШЕГРАД

Појадок. После појадокот одјавување од хотелот и посета на убавиот извор на реката Босна – Врело Босне и зелниот парк кој што го опкружува. Околу пладне заминување од Сараево, со попатна пауза во Вишеград – прошетка по надалеку прочуениот мост на Дрина, ремек делото на Мехмед Паша Соколовиќ… слобдно време за кафе, ручек или посета на Андриќград. Продолжување на патот за Македонија преку Србија… ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.


5 ден (понеделник – 14.10.2019)

Пристигнување во раните утрински часови.


Цена на аранжманот: 6.100,00 денари 

 

Цената на аранжманот вклучува:

➢ организиран превоз на горенаведената релација

 ➢ посета на Дубровник

 ➢ посета на Мостар

 ➢ 2 ноќевања со појадок во хотел во Сараево

 ➢ разглед на Сараево со стручен локален водич

 ➢ посета на Вишеград

 ➢ организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

 ➢ влезница за Врело Босне – 1,5€ по лице

➢ посета на пирамидите со водич – 15€ по лице

➢ патничко осигурување

 

Напомена:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.


ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ СЕ ПРИЈАВУВА ПРЕД ПОАЃАЊЕ ОД ПРИЧИНИ ШТО МОРА ДА ИМАМЕ НАПРАВЕНО ПРЕДРЕЗЕРВАЦИЈА ЗА ВЛЕЗНИЦИ. ЗА ВРЕЛО БОСНЕ ВО АВТОБУС НАПЛАЌАМЕ