• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

КИЧЕВО - ЛУТРАКИ

ТЕРМИНИ ЗА ПОСЕТА НА ЛУТРАКИ И ВОДЕН 

ПОАЃАЊЕ ОД КИЧЕВО

 

НЕДЕЛА 11.11.2018

 

Состанок на групата пред T.A.Меридијан во 04:15 часот. Поаѓање за Лутраки во 04:30 часот. Се патува преку Битола, г.п. Меџитлија со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Лутраки во претпладневните часови. Слободно време за индивидуален разглед на Лутраки и околината.

Овој спа-центар е сместен на јужната страна од планината Кајмакчалан, зафаќа околу 2.400,00 км2. Прекрасна планина со густа шума, низ која тече реката „Топлица“, од која произлегуваат надалеку познатите термални извори. Мноштво на мостови и патеки покрај „Топлица“ го прават овој предел прекрасен за излет и прошетка низ шумата. Спа-центарот има инфраструктура и објекти како покриен и откриен базен, приватни бањи, кафе бар. Температурата на водата во овој центар е константна преку цела година и изнесува 37 ℃. Самото место – Лутраки, има мноштво на приватни соби за сместување, хотели, ресторани, супер маркет, како и продавници за традиционални ракотворби и продукти...

Состанок на групата во претходно догворено време, во попладневните часови. Поаѓање за Воден. Пристигнување во Воден и слободно време за индивидуален разглед на градот како и посета на водопадите. Планирано поаѓање за Кичево во приквечерните часови. Пристигнување во Кичево во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 900,00 денари


Цената на аранжманот вклучува:  

Aвтобуски превоз. Посета на Лутраки и Воден. Организација, водство и реализација на аранжманот. Патничкото осигурување.

Цената на аранжманот не вклучува:

Влезниците при посета на спа-центарот: 2 или 3 € (во зависност од базенот)