• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

КАПАДОКИЈА (1)

 

Кушадаси, Памуккале, Истанбул...

 

15.април (среда) СКОПЈЕ- КУШАДАСИ
Состанок на групата на паркингот спроти хотел ' Holiday Inn” во 13:30 часот. Поаѓање за Турција во 14:00 часот. Дневно и ноќно возење со попатни одмори.

16.април (четврток)  КУШАДАСИ
Во утринските часови премин преку Мраморното море со траект кај градот Чанакале. Патувањето продолжува кон Кушадаси со  посета на еден од најбогатите археолошки локалитети од античкиот период Ефес. Потоа следи посета на  куќата на Богородица во која според легендите ги минува последните години од својот живот, како и црквата на Св.Јован во Селџук. Пристигнување во Кушадаси и сместување  во хотел во попладневните часови. Вечера. Ноќевање. 

17.април (петок)  КУШАДАСИ – ПАМУККАЛЕ
Појадок. Патувањето продолжува кон Памуккале и Хиераполис. Разгледување на античкиот град Хиераполис кој е под заштита на UNESCO од 1988 година како дел од светското културно наследство. Основан е  во 2 век п.н.е. како термална бања, а именуван е по веќе постоечкиот храм или по божицата Хера. Посетете  ги  импресивната гробница, главната улица и нејзините порти, термалните бањи, римскиот театар и музејот. Незаборавна можност да ги видите и скалестите базени создадени со седиментација на варовник и калциум, исполнети со термална вода која на некои места достигнува и до 100 °C. Попладнето посета на грчкиот антички град Афродисијас изграден во чест на грчката божица Афродита (божица на убавината), посетувајќи ги Храмот на божицата, стадионот, Агората, Одеонот, Адриановите бањи. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

18.април (сабота) ПАМУККАЛЕ – КОЊА – КАПАДОКИЈА
Појадок. Напуштање на собите и заминување кон Коња. Минувајќи низ некогашната област Лаодикеја во Мала Азија, пристигнуваме во старата Турска престолнина Коња, седиште на Селџучката Империја. Коња е позната како центар на ортодоксното исламско учење. Посета на турбето на Мевлена, поет и филозоф од 13 век, основач на мистичниот ред на дервиши познати по својот танц. Заминување кон Кападокија со попатна посета на Аксарај и Султанхан, најстаријот карвансарај (ан) во Анадолија изграден во 1229 година. Пристигнување во Кападокија. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

19.април (недела) КАПАДОКИЈА
Појадок. Целодневна посета на Кападокија – 'Колевка на Христијанството' – област во која се криеле христијаните за време на големите прогонувања во I и III век, тука ги граделе своите цркви, кога христијанството било забранувано. Посета на долината Дервент, необичен регион на фасцинантни облици од камен, варовник и туфови карпи наречени 'волшебни оџаци' создадени во текот на милиони години под влијанието на вулканите и ерозијата. Патувањето продолжува кон Долината на Монасите каде што ќе имате можност да го видите импресивниот планински врв во облик на печурка, следува посета на Ѓореме – музејот на отворено во долината Ихлара во кој се наоѓаат голем број на цркви и христијански населби кои датираат од пред неколку стотици години... На крај завршуваме со посета на подземниот град Кајмакали изграден во ранохристијанскиот период, период во кој  прогонетите христијани ги граделе своите скривалишта и цркви под земја. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

20.април (понеделник) КАПАДОКИЈА – АНКАРА – ИСТАНБУЛ 
Појадок. Заминување за Анкара. Пристигнување во престолнината на Турција, панорамски разглед на градот; Мавзолејот на Ататурк - ' Tатко на нацијата', зградите на владата и парламентот, можност за посета на Музејот на Анадолиските цивилизации, каде хронолошки се изложени експонати од палеолитот до денес. Патувањето продолжува кон Истанбул. Дневно возење со попатни одмори. Пристигнување во Истанбул во вечерните  часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

21.април (вторник) ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок. Панорамско разгледување на градот: Римскиот аквадукт, Таксим, Ак Сарај, Бајазитовата џамија, Универзитетот, Хиподромот, Сината џамија, Света Софија...Слободно време за индивидуални активности или посета на шопинг центар.  Во попладневните часови заминување за Македонија. Ноќно возење со попатни одмори. Пристигнување во Скопје  наредниот ден во претпладневните часови.

Цена на аранжманот:  255 € (15.810 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотели со ***, 4 полупансиони (појадок и вечера), 1 ноќевање со појадок (Истанбул)
- Организирани панорамски разгледи според програмата со локални водичи
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Влезници за музеите и културно историските споменици (Ефес 11 €, Куќата на Богородица 10 €, Св.Јован 4 €, Хиераполис 11 €, Афродисијас  5 €, Мавзолејот на Мевлена 3 €, Ѓореме 7 €, Кајмакали 7 €, музејот на Анадолиските цивилизации 6,5 €)
(Цените се предмет на промена во зависност од курсот на самиот ден на турската лира-евро)
- Групно патничко осигурување 

НАПОМЕНИ
- Цената е дадена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници