VILA NIKITI BEJ "A" (64, 37)

Никити Беј Апартмани е изградена 2014год. a сите соби се со нов мебел од 2019год. Вилата е лоцирана во живописното приморско гратче Никити, бисерот на Ситонија, во мирниот дел на градот на 250м од најблиската плажа која не е урбанизирана и на 800 метри плажа урбанизирана со лежалки. Од центарот е оддалечена 500м каде секој ќе најде бројни содржини за сечиј вкус супер маркет ( ЛИДЛ, АБ Маркет и Масутис) продавнички, пекари, таверни и кафулиња. Објектот располага со 18 сместувачки единици – студија, распоредени на прв и втор кат од кои дел се трокреветни, а дел четворокреветни. Секое од студијата е опремено со мини кујна со фрижидер, решо и прибор согласно капацитетот на собата, тоалет со туш, балкон, клима (бесплатно), Wi-Fi интернет  само на рецепција во хотел Торонеос и голема дворна неорганизирана површина., приватен паркинг. Заради монденскиот карактер на самото гратче Никити, како и непосредната близина на некои од најубавите плажи на Халкидики, вилата е погоден избор како за фамилијарен одмор, така и за парови, млади и секаков тип на гости кои сакааат да бидат во гратче со многу содржини и активен ноќен живот, а да се во близина од 10 до 15км на најубавите плажи на Ситонија.


Програма на патување: 
1.Ден (недела)  Скопје – Никити 
Поаѓање во 04.00 часот рано наутро од Дрво Декор. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородица - Евзони со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување и сместување во соби  (после 14.00 часот локално време). Слободно време за одмор, релаксација и уживање на море. Ноќевање. 
2.Ден – 7.Ден Никити 
Слободни денови предвидени за одмор и релаксација на плажа. Ноќевање. 
8.Ден Никити – Скопје 
Напуштање на собите до 10.00 (локално време) слободно време за индивидуални активности. Поаѓање за Македонија во 16.00 часот (локално време). Патување назад преку граничниот премин Евзони – Богородица со попатна пауза на Фри Шоп. Пристигнување во Скопје вечерта. 
Локација/ Кординати: 40.222406, 23.660917
Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
* Автобуски превоз на наведената релација 
* Сместување во Студио 7 ноќи за најмалку 2 лица во соба
* Организација и реалиазација со лиценциран туристички придружник 
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Задолжително патничко осигурување.
* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
* Турситичка Такса 0,50 центи по соба од ноќ
* Брз антигенски тест - 900ден   
НАПОМЕНИ:
– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
– Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
– Превоз од  Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
*** Чекирањето на гостите е во Хотелот Торонеос на рецепција, оттаму се добиваат клучевите од собите за во Вила Никити Беј.