• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ЕДИПСОС

VILLA IOLKOS (1)

 

Вила ИОЛКОС е лоцирана во центарот на Едипсос, оддалечена е околу 200м од шеталиштето и околу 100 метри од термалните извори и плажа. Секоја од собите е опременa со сопствена кујна, тоалет, тераса, ТВ, клима уред. Вилата има Wi-Fi интернет.

 

РЕДОВНИ ЦЕНИ (наем за 7 или 9 ноќевања со сопствен превоз) 


Цените се однесуваат за наем на студио или апартман, за 7 или 9 ноќевања (без превоз)
* Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD)


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
 - Употребата на клима уред е бесплатна (каде што е достапен).
- Доплата за туристичка такса 0,5 € - 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
- За уплата на две последователни смени одобруваме попуст од 10% на втората смена.
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од  сопственикот на објектот.
 Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)  

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ (автобус и брод)

 ВАЖНИ НАПОМЕНИ: 
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
* Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување. 
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.  Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица. 
* Цените се објавени во Travel Info бр.102, апартманско и хотелско сместување во Грција, со важност до 30.09.2020 година, или до објава на нов ценовкик.  
* Цените со попуст важат за резервација и уплата на 50% од износот на аранжманот до датумот на важност на попустот. 
Доплата на аранжманот се врши до 3 недели пред датумот на патување. Уплатениот износ од 50%, не се враќа ако патникот го откаже патувањето. 
 * При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. 
 * Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.   
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување. 
 * Препорачуваме “Осигурување од ризик - отказ на аранжман“ !
 
НАПОМЕНA:
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.