• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

НОВА '20 - автобус

БУДВА И ДУБРОВНИК (65)

 

1 ден НЕДЕЛА (29.12.2019)
Состанок на групата во 22:30 часот, поаѓање во 23:00.
Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден ПОНЕДЕЛНИК (30.12.2019)
Пристигнување во Црна Гора во утринските часови.Кратка пауза и можност за фотографирање на едно од најмонденските летувалишта на 
Јадранското море - Свети Стефан.
Сместување во вила во Будва. Слободно попладне.
Во вечерните часови, можност за организирана факултативна вечера во ресторан. Ноќевање.

3 ден ВТОРНИК (31.12.2019)  
Во утринските часови поаѓање кон Дубровник.
Пристигнување во Дубровник во пладневните часови - индивидуален разглед на стариот град Страдун: Главната капија–Пиле, Францисканскиот манастир со една од најстарите аптеки во Европа, Старата царина, Катедралата Свети Блаж, Ректоровата палата, старото пристаниште итн. Враќање во Будва. Вечерта следи трансфер до градскиот плоштад и дочек на Новата 2020 Година. Во договорено време враќање во вилата. Ноќевање.

4 ден СРЕДА (01.01.2020) 
Одјавување од вилата во утринските часови.Трансфер до центарот на Будва (Словенска Плажа).Време предвидено за индивидуална прошетка или шопинг. Тргнување за Р.Македонија според договорено време. Пристигнување во вечерните часови.

 

ПРОМО ЦЕНА: 3.300 денари со уплати до 15.11.2019

РЕДОВНА ЦЕНА: 4.500 денари



ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
*Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
*2 ноќевања во Вила Орловиќ
*Трансфер до градскиот плоштад и дочек на Новата 2020 Година 

*Организација и реализација на патувањето
*Лиценциран туристички водич


 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
*Туристичка такса Црна Гора 1 евро од ден
*Посета на Дубровник 15 евра
*Вечера во ресторан на Јадранска ривиера со пијалок 10 евра


НАПОМЕНA ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)