• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA BOUZALIS 10 nokji (17)

 

Во централниот дел на полуостровот Халкидики, на само педесетина километри југоистoчно од Солун  се наоѓа туристичкото место Неа Флогита, препознатливо по централниот парк со фонтаните и зелениот појас со палми. Всушност, тоа е првото што ќе го забележите штом пристигнете во ова туристичко место- дрворедот од над стотина палми во должина од 1.5 километар се  протега се до Дионисос, што е всушност и неговата најголема атракција. Неа Флогита е лоцирана на привилегирана позиција- на само неколку метри од морето, што е предност повеќе токму тука да го поминете вашиот летен одмор дишејќи го секое утро специфичниот мирис на  морски воздух. Длабочината во морето е умерена што го прави ова туристичко место уште попривлечно за децата, а морскиот гребен на само 50 метри од брегот е природна заштита за пливачите.

Ова приморско место е одлично снабдено во текот на летната сезона. Изобилува со маркети, пекари, слаткарници,таверни, ресторани,а токму во ова туристичко место е најпозната плажа „Pastazi“ која нуди одлична забава за младите.Неа Флогита се наоѓа на само 6 километри од Неа Муданија, комерцијалниот центар на Халкидики до каде можете секојдневно да шетате, а доколку сте љубители на шопингот со часови да пазарувате во многубројните бутици. Ако и тоа не ја задоволи Вашата шопинг манија, тогаш искористете го предизвикот-од Неа Муданија имате секој ден редовна автобуска линија до Солун.

  

Вилата Bouzalisе лоцирана на самото шеталиште во Неа Флогита и на само неколку метри од морето. Располага со апартмани со најразлична големина; дел од сместувачките капацитети имаат директен поглед на море, а останатите имаат поглед на улица или во дворот на вилата, а се наоѓаат на прв и втор спрат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има паркинг простор.

 

Напомена:

Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничeниот простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење. 


-20% попуст за целосна уплата до 01.12.2018 

 

- Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)  

 

Апартман бр.4

 Трокреветен апартман на прв спрат во првиот дел од вилата. Апартманот има две простории. Во првата соба има комплетно опремена кујна во која има мини шпорет со рерна, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Во кујната се наоѓа климата. Од кујната се излегува на терасата која има поглед кон другиот дел од вилата и во дворот, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце. Другата соба е одделена со врата и има еден дупли кревет (димензии 190-140 см), еден единечен кревет (190-82 см). Опременa е со мебел и телевизор.Собата има прозорец кој гледа кон ходникот на вилата. Има потесно купатило, а затоплувањето на водата е со сончеви колектори.

 

Апартман бр.9 (поглед на море)

Петкреветен апартман на втор спрат во првиот дел од вилата со директен поглед на море. Апартманот има две одделни спални соби меѓу кои се наоѓа купатилото и мал простор меѓу нив во кој се сместени елементите од кујната (мини шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора, комплет садови за готвење и јадење, како и мала масичка со столчиња). Во едната спална соба има еден кревет кој според локалните стандарди е категоризиран како дупли (димензии 190-115 см) и еден единечен кревет (димензии 190-90 см), мебел и телевизор. Собата има прозорец кој гледа кон ходникот на вилата. Во другата соба има еден дупли кревет (димензии 190-132 см), мебел, телевизор и клима. Од собата се излегува на терасата која има директен поглед на море, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце. Апартманот има купатило со сопствен бојлер. 

 

Апартман бр.12 (без поглед)

Четирикреветен апартман на прв спрат во средниот дел од вилата кој има поглед меѓу влезовите на вилата. Апартманот има две простории кои меѓу себе се одделени со врата. Во првата просторија има еден единечен помал кревет (димензии 170-82 см) и комплетно опремена кујна во која има мини шпорет со рерна, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Тука се наоѓа климата. Од кујната се излегува на терасата која има поглед кон другиот дел од вилата и меѓу влезовите, опремена со пластична маса, столчиња и тенда која на гостите во апартманот им овозможува приватност. Во другата просторија има еден дупли кревет (димензии 190-140 см) и еден единечен кревет (димензии 180-80 см). Опременa е со мебел и телевизор. Собата има прозорец кој гледа кон ходникот на вилата. Апартманот има купатило со сопствен бојлер. 

 

Апартман бр.15

Четирикреветен апартман на прв спрат во средниот дел од вилата кој има поглед на улицата од задниот дел на вилата. Апартманот има две простории кои меѓу себе се одделени со врата. Во првата просторија има еден единечен кревет (димензии 190-90 см) и комплетно опремена кујна во која има мини шпорет со рерна, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Тука се наоѓа климата. Од кујната се излегува на потесна терасата која има поглед на улицата од задниот дел на вилата, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце. Во другата просторија има еден дупли кревет (димензии 192-140 см) и еден единечен кревет (димензии 180-82 см). Опременa е со мебел и телевизор. Собата има прозорец кој гледа кон ходникот на вилата. Апартманот има купатило со сопствен бојлер. 

 

Апартман (дуплекс) бр. 24 

Шесткреветен апартман дуплекс на прв спрат во третиот дел од вилата кој има поглед на улицата од задниот дел на вилата. Апартманот има три простории, од кои две се посебно издвоени спални соби со врати и посебна кујна што се наоѓа во средина меѓу двете соби. Во едната спална соба има еден кревет кој според локалните стандарди е категоризиран како дупли (димензии 195-135 см) и еден единечен кревет (димензии 190-90 см), мебел и телевизор. Собата има прозорец кој има поглед кон улицата. Во втората спална соба има еден кревет кој според локалните стандарди е категоризиран како дупли (димензии 192-132 см) и еден единечен помал кревет (димензии 180-85 см), мебел и телевизор. Од собата се излегува на долга но потесна тераса опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце. Во средината меѓу двете спални соби има комплетно опремена кујна во која има голем шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Тука се наоѓа и клима уредот. Од кујната се излегува на истата тераса која продолжува кон едната спална соба. Апартманот има купатило со сопствен бојлер. 

 

Апартман (дуплекс) бр. 28 (поглед на море)

Осумкреветен апартман дуплекс на втор спрат во третиот дел од вилата кој има директен поглед на море. Апартманот има три простории, од кои две се посебно издвоени спални соби со врати и посебна кујна што се наоѓа во средина меѓу двете соби. Во едната спална соба има четири кревети од кои еден дупли кревет (димензии 190-140 см) и два единечни кревети (димензии 190-90 см), мебел и телевизор. Собата има прозорец кој има поглед меѓу влезовите на вилата. Во втората спална соба има три кревети од кои еден кревет кој според локалните стандарди е категоризиран како дупли (димензии 192-132 см) и еден единечен кревет (димензии 190-90 см), мебел и телевизор. Од оваа спална соба се излегува на голема тераса опремена со пластична маса, столчиња и тенда која има директен поглед на море. Во средината меѓу двете спални соби има пространа комплетно опремена кујна во која има голем шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Тука се наоѓа и клима уредот. Од кујната се излегува на истата тераса која продолжува кон едната спална соба. Во оваа просторија се наоѓа уште еден единечен кревет (димензии 190-90 см). Апартманот има купатило со сопствен бојлер. 

 

Напомени и услови:

Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз 

Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети   

Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

При сместувањето влегувате во чисти соби , но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената.По завршувањето на вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманотво пристојна (чиста) состојба.

Користењето на клима уредот е вклучено во цената.

Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услугадоколку го оставате апаратот да работи во времето додека сте на плажа или надвор од апартманот.

Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апратманот ја надоместува штетата на сопственикотна вилата на лице место.

Организаторот на патувањето го зарджува правото по пат на LAST MINUTE понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитетеи во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства но има разлика во цена.

Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Флогита

Цена на повратен билет – 35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра