• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA SKAUT 1 (58)

 

Туристичката населба Сутоморе се наоѓа помеѓу Бар и Чањ во еден од најубавите делови од Јадранското крајбрежје. Со својата долга песочна плажа, прекрасното сино море, како и многубројните ресторани, кафе барови, дискотеки, забавни пракови за деца и други објекти за забава е омилена туристичка дестинација и нуди можност за незаборавен одмор.

Сместувањето е во центарот на градот на само 250м од плажа  и ги нуди следниве капацитети:


ВИЛА СКАУТ 1

Вилата располага со стандардно опремени соби со тоалет, клима, тв, фрижидер и  со тераса. Во својот сместувачки капацитет има трокреветни и четворокреветни соби. (колона  3  од табелата). Kористење на клима уредот е вклучен во цената.

 

Во склоп на објектот има WI-FI интернет (за брзината и јачината на сигналот, Агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност).

 

 

 

* Цените се изразени во евра и се однесуваат  на ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ (9 полни пансиони со вклучен превоз).
- Прво дете   до 13.99 год. ПОПУСТ 50% од цената на аранжманот.
- Второ  дете до 13.99 год. - ГРАТИС (доплата за превоз 40 евра/не користи кревет).
Попустот важи за сместување со две возрасни лица (во трокреветна соба)

За користење на ¼ апп во Вила Скаут  или ¼ соба во Вила Скаут 1 мора да платат 3 полни суми.

- Дете до  5 год. кое не користи кревет - ГРАТИС (доплата за превоз 20 евра).
* Намалување за патување со сопствен превоз - 20 евра.
* Сите попусти за деца важат при сместување со две возрасни лица.
* Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на самото место.
* Цените се изразени во евра за уплата во денарска  противвредност  ( 1 евро = 62ден.).

 

Поаѓање за Црна Гора
Прилеп (стара автобуска) – 02.00 часот
Кавадарци 03.00 часот (пумпата кај Росоман)
Велес (пумпа Макпетрол, спроти мотел Македонија) 04.00 часот
Скопје (Дрво Декор) – 05.00часот

-Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
-Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.