КАЛИТЕА - MACEDONIA SUN HOTEL 3* (2)

КАЛИТЕА
Едно од најпознати летувалишта на првиот прст на полуостровот Халкидики. Се наоѓа на 70 км. југоисточно од Солун тоа е Калитеа. Голема песочна плажа, кристално чисто море, природна убавина, бујна,медитеранска мирисна вегетација,каде што самата гостопримливос на нивните домаќините го прават ова место примамливо за одмор.Ова место е познато и по големиот број на ноќни клубови коисе најпривлечни за младата популација..

ХОТЕЛ "MACEDONIAN SUN" 
Хотелот се наоѓа на само 2 км од Калитеа, најмонденското летувалиште и срцето на Халкидики. Локацијата на хотелот овозможува прекрасна панорамска глетка . Опколен со зимзелена шума, бујна градина и рози, нуди релаксирачки амбиент за одмор на туристите. Ќе ве пречекаат живописни водопади, традиционалнa архитектура и одлично гостопримство. На само 5 мин од прекрасната песочна плажа може да уживате во едно од најубавите места со борова шума во Грција. Располага со убаво уредени двокреветни и трокреветни соби со дополнителни легла, со поглед на градина или базен (2+2 се наоѓаат на ниско приземје). Има главен ресторан, голем отворен базен и бар покрај базенот, продавници за шопинг, мини маркет, пицерија, кафулиња, соба за игри и интернет во јавните простории. Хотелот “Macedonian Sun “ 3* припаѓа на групацијата "Г Хотели", водечки ланец на хотели кој обезбедува луксузни услуги.


                                                                                                                                                                                                                                     ДОПЛАТИ И ПОПУСТИ
  • Цените се дадени по лице за 7 ноќевања
  • Доплата за еднокреветна соба +50% од цената
  • Прво дете до 11.99 години со 2ца возрасни во соба - БЕСПЛАТНО
  • Второ дете до 11.99 - попуст 50%
  • Трето возрасно лице -30% попуст
КОНЦЕПТ "ALL INCLUSIVE"
Се вклучено, шведска маса во главен ресторан
  • Доручек: 07:00 - 09:30
  • Ручек: 12:30 - 14:00
  • Вечера: 19:00 - 21:30
Сокови, пиво и алкохолни пијалоци после доручекот од 10:30 до 24:00 часот, црвено и бело вино за ручек и вечера во главниот ресторан. Чај, кафе и колачи, попладне од 17:00 до 17:30 часот. Чадори и лежалки покрај базенот, пинг понг.
ПЛАЖА
Песочна плажа одалечена 5мин. Лежалки и чадори се наплатуваат.
 
BAЖНА НАПОМЕНА
  • За резервација задолжително уплата аванс 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување.
  • За резервации направени на EARLY BOOKING, целосна уплата до наведениот датум
  • Задолжително здравствено и патничко осигурување 240 мкд (за лица до 65 години) за пакет аранжман од 7 ноќевања, и 310 мкд (за лица до 65 години) за пакет од 9 ноќевања.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • За хигиената во собите за време на престојот се грижат самите гости, сите настанати штети за време на престојот се на товар на патниците!
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош (минимум важност 90 дена од денот на враќање во државата) и бел лист (виза не е потребна); не се потребни посебни вакцини.
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на T.A.Меридијан, побарајте ги во агенцијата.
  • Цените се дадени по лице во евра, плаќањето е во денари  (1 еур = 61.8 мкд.)
  • т.а. „Меридијан“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Секој нов данок (за престој или слично) кој може да стапи на сила од јануари 2018 година ќе се плаќа по пристигнување во хотелот или апартманот директно од клиентот
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Во смените означени со (*) - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ НЕ ВАЖИ