VILA SYLVIA (17)

 

Vila Sylvia се наоѓа на 250 метри од плажата Valtos, сместена во оазата на мирот преполна со зеленило и маслинки. На неколку минути пешачење од вилата се наоѓа еден од најпознатите барови Tango и супермаркет. До центарот на Парга Ви требаат околу 20 минути, тој се наоѓа на оддалеченост од 1,5 километар. Во пространиот двор има простор за скара, туш, мини кошаркарски терен, игралиште за деца и паркинг.  Во понудата имаме трикреветни студија и двокреветни студија со кауч на развлекување кои се погодни за сместување на четири возрасни лица. Студијата се опремени со купатило, чајна кујна наменета за подготовкана полесни оброци (фиржидер, мини електрричен шпорет, садови за јадење), фен, комарници, сеф чие користење се доплаќа по 1 евро од ден,   LCD TV, клима уред чие користење се доплаќа 5 евра дневно. Постелнината и крпите се менуваат на 4 дена, додека чистењето е на денот на смената. Од терасата на студијата кои се наоѓаат на прв спрат се простира восхитувачки поглед на  Valtos плажата. Вилата нема интернет конекција, ја предлагаме за оние кои посакуваат мир и тишина.

 

 

 

Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз 

Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети    Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

  При сместувањето влегувате во чисти соби , но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената.

По завршувањето на вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманотво пристојна (чиста) состојба. Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апратманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место.

  Организаторот на патувањето го зарджува правото по пат на LAST MINUTE понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитетеи во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.

Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства но има разлика во цена. Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!