VILLA ALBATROS (1)

 

Вилата  се наоѓа во самиот центар на Неос Мармарас и е на само десетина метри од неговото познато шеталиште. Локацијата, која на нејзините гости им овозможува брзо и едноставно да стигнат до сите градски содржини, секогаш ја издвојувала како интересен објект за одмор во оваа позната летна дестинација. Близината на градската марина, малите градски плажи, како и автобуската станица и останатите актуелни објекти, ја издвојуваат како одличен објект при сместување во Неос Мармарас.


 

Цените се дадени за сместување по соба според табелата.
Цените се изразени во EUR за уплати во денарска противвредност (1€=62 MKD).

 

 

Цените се дадени за превоз по лице, во термини според табелата.
Цените се изразени во EUR за уплати во денарска противвредност (1€=62 MKD).

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
Употребата на клима уред е бесплатна во објектите (каде што е достапен)
Доплата за туристичка такса 0,5 € - 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
За уплата на две смени (7 + 7 ноќевања) одобруваме попуст од 10% на втората смена.
Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

 

 Автобуски превоз за СИТОНИЈА

секоја недела, од 20.мај до 30.септември

Место и време на поаѓање:
Скопје     06:00 h   (паркинг спроти хотелот "Holiday Inn")
Велес      06:30 h   (бензиска пумпа, мотел Македонија)
Неготино  07:00 h   (бензиска пумпа, Макпетрол)
Удово      07:30 h    (бензиска пумпа, Макпетрол) 
Гевгелија 08:00 h    (бензиска пумпа, граничен премин Богородица)
Поаѓање од Грција: 16:00 h (локално време, 15:00 мак. време)
 
Превоз со конекција од следните градови (со доплата 10 € по лице)
Куманово    04:30 h     (БП Макпетрол, автобуска станица)
Гостивар     03:45 h     (паркинг кај Дом на култура)
Тетово        04:45 h     (кружен тек кај Дом на култура)
Кочани       04:45 h     (БП Макпетрол, кај Основен суд)
Штип          05:30 h     (паркинг пред пошта)
Кичево       04:30 h     (пред ТА Меридијан)
Струга        03:00 h     (хотел Дрим, трафики)
Охрид         03:30 h     (БП Лукоил, кај автобуска станица)
Ресен         04:00 h      (спроти автобуска станица)
Битола        05:00 h     (паркинг кај спортска сала)
Прилеп       05:45 h     (БП Лукоил)
Кавадарци  06:30 h     (паркинг кај гранична полиција)
Радовиш     05:45 h     (БП Макпетрол)
Струмица    06:30 h     (паркинг пред Тинекс)
 
ПАТНИ ИНФОРМАЦИИ (сопствен превоз)
Насока: Скопје - Неос Мармарас (360 km)
Скопје - Солун (E75),
Солун - Неа Мудања - Псакудиа - Метаморфоси - Неос Мармарас
Трошоци во еден правец:
патарини MK (180 ден)


ПРОГРАМА НА АРАНЖМАНОТ:
01.ден (недела)    СКОПЈЕ - ХАЛКИДИКИ (Ситонија)
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 05:30 часот. Поаѓање за Грција во 06:00 часот наутро. Патот води преку граничниот премин Богородица-Евзони. По пристигнување во местото, сместување во објект по избор од програмата. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.

од 02.ден (понеделник) до 07.ден (сабота)    ХАЛКИДИКИ (Ситонија)

Денови за одмор и идивидуални активности. Престој во место и објект по избор од програмата, во студија и апартмани на база ноќевање. Комуникација со локалните претставници на агенцијата за евентуални факултативни излети и посети. Ноќевање.

08.ден (недела)      ХАЛКИДИКИ (Ситонија) - СКОПЈЕ

Напуштање на собите до 09:00 часот. Во попладневните часови, заминување од местото на престој и патување кон Македонија. Пристигнување во Скопје, во вечерните часови.


ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
* Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување. 
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
* Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица. 
* Цените се објавени во Ценовник бр.1, Грција апартмани 2018, со важност до 31.01.2018 година. 
* Цените со попуст, важат со уплата од 50% од износот при резервација и доплата на аранжманот до 31.03.2018 година. 
*  Уплатениот износ од 50%, не се враќа ако патникот го откаже патувањето. 
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. 
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. 
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.
Препорачуваме “Осигурување од ризик - отказ на аранжман“ !