• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ПЕФКОХОРИ AMMON GARDEN 3* (14)

(47)

http://ammongarden.com/

 

На само 100m од плажа и 200m од центар е лоциран 3* хотел "Ammon Garden". 
Хотелски соджини: 

27 хотелски студија на приземје, први и втори кат, базен со 2 нивоа на длабочина од 1,10m и 2,20m со лежалки и чадори, лоби бар покрај базенот со голем избор на пијалоци, ресторан во кој се служи појадокот, рецепција со лоби, Wi-Fi интернет, прекрасно уреден двор со многу палми и зеленило, паркинг простор (бесплатен).
Хотелско сместување: 

Сместувачките капацитети се од типот на студија со комплетно опремена мини кујна со фрижидер и се состојат од 2 или 3 редовни легла и една софа на расклопување, наменета за дете до 12год кое се сместуваат бесплатно, Baby cot, клима, купатило со фен, крпи за раце и тело, TV, гардеробер, телефон, ноќни ламби, тераса со масичка и столчиња со прекрасен поглед кон базенот или одлично уредената градина... Дозволено е сместување со домашни миленичиња. Чистењето на студијата е секојдневно, менување на постелнини и крпи на 3 дена.
Хотелски услуги: Појадок, шведска маса (на самопослужување) од 08:30 до 10:00 во ресторанот на хотелот. Вечера - мени (избор од 4-5 главни јадења / салата / десерт) во ресторан кој се наоѓа на сама плажа.

 

15% попуст за уплата до 01.02.2019  |  10% попуст за уплата 01.03.2019  |  5% попуст за уплата до 01.04.2019

 

НАПОМЕНА

 -  Цените се дадени по лице за 7 ноќевања со појадок, без превоз;

-  Хотелското сместување е од тип студио со комплетно опремена мини кујна;

 -  ВB (ноќевање со појадок) | Појадок (шведска маса) | Вечера (избор од мени) во ресторан на сама плажа, со доплата по сопствен избор;

-  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.


-  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;

-  Baby cot - БЕСПЛАТНО, на барање;-  Клима - БЕСПЛАТНА;-  Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТЕН во лоби барот и покрај базенот;

-  Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Удово / Гевгелија;

-  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 20m од хотелот.

 -  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

 -  Прво дете до 12 години - БЕСПЛАТНО;

-  Второ дете од 6-12 години - 50% попуст;

-  Трет возрасен - 40% попуст;

-  Доплата за туристичка такса - 1.50€ од соба од ноќ (се плаќа на рецепција при сместување);

-  Доплата за вечера: 70€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. за цел престој;

-  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);

-  Доплата за патничко осигурување.