• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

БАЊА ЛУКА - БЈЕЛИНА - ТУЗЛА - ЗЕНИЦА (5)

 

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

-      БАЊА ЛУКА -

БЈЕЛИНА - ЕТНО СЕЛО СТАНИШИЧ  ТУЗЛА - ЗЕНИЦА

 

11.10.2019 Среда 

Поаѓање во 01 ч. преку Скопје на г. п. Табановце за Босна и Херцеговина, ноќно и денско возење со попатни паузи. Пристигнување во Бјелина во пладневните часови. Град од 15 век (1446 г), со 45000 ж., се наоѓа во источниот дел на Р. Српска, со голем градски плоштад и парк од 1892 г каде се најдува споменикот на Крал Петар Караџорџевич. Најстарата градба во Бијелина - Српската п. црква ја срушиле Турците Османлии во 1520 г и на нејзино место ја изградиле Атик џамијата од страна на Сулејман Величествениот, која пак во 1993 г во граѓанската војна паравојската на Аркан ја рушат, но во 2014 г пак е изградена. Други градби во Бјелина се: црквата св. Ѓорѓи од 1872 г и зградата од 1876 г каде е музејот Семберија. Потоа на 3 км. се оди до Етно селото Станишич - едно од најубавите етно села на Балканот со 20 автентични етно куќи од 19 в,млекара, воденица, ковачница, амбар за жито, и неколку хотели со спа центар, базен (се доплаќа базенот и спа центарот). Сместување во етно селото и слободно време во комплексот. Ноќевање.

 
12.10.2019 Четврток

Појадок. Заминување за Бања Лука со попатна посета на Тузла - мултиетнички град, град на солените езера, град на Меша Селимович - познат по Дервишот и смртта, стариот град, плоштадот Слобода. Продолжување за Зеница - град на река Босна со Старата Синагога, Чаршиската џамија, Австриската фонтана, Старата куќа на Хаџимазиќ. Поаѓање за Бања Лука - главниот град на Р. Српска, сместување во хотел. Ноќевање.

 
13.10.2019 Петок

ПојадокРазгледување на знаменитостите на Бања Лука со локален водич: камената тврдина Кастел - симбол на градот, а до неа Ферхадија - најубавата џамија. До Кастелот се најдува Сафикадиниот гроб - на една прекрасна девојка која е симбол на безгранична љубов и верност, градскиот плоштад со кривиот часовник - кој покажува 09.11 мин. - времето кога бил разорниот земјотрес во 1969 г., Банскиот дом - или Дом на културата, а пред него се наоѓа Храмот на Христос Спасителот, прекрасни куполи и позлатен крст, Украинска  гркокатоличка црква, Општинската зграда (Банска управа од 1931 г) Палатата на Републиката - Дом на Претседателот на Р. Српска - изградени од Бан Тисе Милосавлевич, градскиот парк Петар Кочиќ со негов споменик во француски стил, со бројни фонтани, стази и паркови, Господската улица - главното шеталиште со гадби во Европски стил: златари, бутици, кафичи,.. Попладнето поаѓање за МK, ноќно возење со попатни паузи.


14.10.2019

 .Пристигнување во утринските часови.  


ЦЕНА: 6.900 ден


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
 - превоз со туристички автобус на наведената релација

- сместување 1 н/п во етно село Станишиќ

- сместување во хотел со 3* 1 н/п во Бања Лука

- разгледување на Бања Лука со локален водич

- попатни посети на: Бјелина,Тузла и Зеница
- придружник на екскурзијата

 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- патничко здравствено осигурување - без франшиза - 150 ден.

- влезници за културно-историските споменици

 За реализација на аранжманот потребни се минимум - 40 патници.

 Збогатете ги вашите доживувања со едно неаборавно патување.