• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA BOGOEVIKJ (58)

Tуристичката населба Сутоморе се наоѓа помеѓу Бар и Чањ во еден од најубавите делови од Јадранското крајбрежје. Со својата долга песочна плажа, прекрасното сино море, како и многубројните ресторани, кафе баровите, дискотеките, забавните пaркови за деца и другите објекти за забава е омилена туристичка дестинација и нуди можност за незаборавен одмор.

Сместувањето е во центарот на градот на само 250м од плажа  и ги нуди следниве капацитети:

ВИЛА БОГОЕВИЌ

ВИЛА БОГОЕВИЌ располага со двокреветни, трокреветни и четворокреветни соби. Собите на првиот и вториот кат се со заедничко купатило, односно на две соби има еден тоалет. Овие соби немаат клима и фрижидер. ( колона 1 од табелата ). На третиот кат собите имаат сопствено купатило, клима и фрижидер ( колона 2 од табелата). Kористење на клима уредот е вклучен во цената.

 

 

 

Цените се изразени во евра и се однесуваат  на  пакет аранжман по лице (9 полни пансиони со вклучен превоз).

Прво дете   до 13.99 год. плаќа 50 % од цената на аранжманот.Второ  дете до 13.99 год. - ГРАТИС ( доплата за превоз 40 евра ).
Дете до  5 год. кое не користи кревет - ГРАТИС ( доплата за превоз 20 евра ).
Намалување за патување со сопствен превоз - 20 евра.
Сите попусти за деца важат при сместување со две возрасни лица.
Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на самото место.
Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност  ( 1 евро = 62ден.).

Поаѓање за Црна Гора:
Прилеп (стара автобуска) - 02.00 часот
Кавадарци (пумпата кај Росоман ) - 03.00 часот
Велес (пумпа Макпетрол, спроти мотел Македонија) - 04.00 часот
Скопје (Дрво Декор) – 05.00 часот

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.