• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

МЕТЕОРИ (60)

 

ЦЕНА : 69 ЕВРА (4.278 денари)

 ПРОМО ЦЕНА: 59 ЕВРА (3.658 денари)


1 ден 11.10.2019 (ПЕТОК)  СОЛУН – ПАРАЛИЈА

Состанок на групата 30 минути пред тргнување. Поаѓање во 05.30 часот.

Се патува преку граничен премин Богородица со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Солун во утринските часови околу 10.00  часот по локално време. Слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на Солун и посета на Космос и Икеа. Во попладневните часови, поаѓање за Паралија. Сместување во хотел. Можност за факултативна посета на таверна со национална музика и богато мени. Ноќевање.


2 ден 12.10.2019 (САБОТА) МЕТЕОРИ – ПАРАЛИЈА

Појадок. Поаѓање за Метеори. Патување преку Лариса и Калампака со кратки попатни паузи. Посета и разгледување на импресивната природа и манастирите изградени на карпите – наречени метеори. Недостапни и високи карпи ( во просек од околу 300 м) сместени во подножјето на планината Камбуниа.

Се посетува најголемиот и најпознатиот манастир „Голем Метеор”, како и манастирот посветен на Св. Стефан (женски манастир).

По разгледот, посета на една од продавниците на сувенири сместена во подножјето на метеорите. Потоа продолжуваме низ Кастраки до гратчето Каламбака. Посета на работилница за злато, изработка на икони и сувенири. Во попладневните часови враќање во Паралија. Попатна посета на црквата Св. Петка сместена во местото Темби каде се наоѓа и лековит извор сместен во карпа. Ноќевање.


3 ден 13.10.2019 (НЕДЕЛА) ПАРАЛИЈА 

Појадок. После појадокот, слободно време за прошетка во Паралија. Заминување за Македонија во пладневните часови. Патување преку граничен премин Богородица. Пристигнување во попладневните часови.


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Превоз со високотуристички автобус на наведената релација

Сместување 2 ноќевања во Паралија со појадок

Превоз до Метеори

Туристички придружник во тек на целото патување

Организација и реализација на аранжманот


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Факултативна посета на таверна со национална музика

-Здравствено-патничко осигурување

– Влезници во манастирите во Метеори


НАЧИНИ И УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ:

Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот

Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот

Цените на аранжманот се дадени во евра, се плаќа исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд


ОПШТИ НАПОМЕНИ:

-За реализација на аранжманот се потребни минимум 30 пријавени патници

-За ова патување важноста на пасошот мора да биде минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот

-Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред  датумот на започнување на истиот

– Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот

-Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците

-Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на програмата