• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA EVA (66)

 

Вила Eva е лоцирана во центарот на Неа Флогита, во близина на  хотел Корфу, и на околу 30 м. од плажата. Располага со четворокреветни и петокреветни апартмани и четворокреветни студија, пространи, модерно дизајнирани, со комплетно опремена кујна, WC, клима (вклучена во цената), и пространи тераси

 

koordinati:40.2578, 23.21482


Цени за термини по типови простории и услуги

 

Термини

Бр. ноќевања

1/4 Апартман 

1/5 Апартман 

18/05/2019 - 25/05/2019

7*

ПРОМО 59.00€ 

ПРОМО 59.00€ 

25/05/ 2019 - 01/06/2019

7*

ПРОМО 69.00€ 

ПРОМО  69.00€ 

01/06/ 2019 - 08/06/2019

7*

99.00€ 

99.00€ 

08/06/2019 - 15/06/2019

7*

129.00€ 

149.00€ 

15/06/2019 - 22/06/2019

7*

159.00€ 

169.00€ 

22/06/2019 - 29/06/2019

7*

179.00€ 

189.00€ 

29/06/2019 - 06/07/2019

7

379.00€ 

389.00€ 

06/07/2019 - 13/07/2019

7

399.00€ 

419.00€ 

13/07/2019 - 20/07/2019

7

429.00€ 

449.00€ 

20/07/2019 - 27/07/2019

7

429.00€ 

449.00€ 

27/07/2019 - 03/08/2019

7

429.00€ 

449.00€ 

03/08/2019 - 10/08/2019

7

429.00€ 

449.00€ 

10/08/2019 - 17/08/2019

7

429.00€ 

449.00€ 

17/08/2019 - 24/08/2019

7

369.00€ 

379.00€ 

24/08/2019 - 31/08/2019

7*

169.00€ 

189.00€ 

31/08/2019 - 07/09/2019

7*

139.00€ 

149.00€ 

07/09/2019 - 14/09/2019

7*

109.00€ 

119.00€ 

14/09/2019 - 21/09/2019

7*

79.00€ 

89.00€ 

 

 

 

 

Услови под кои важи аранжманот

Цените СО * се однесуваат за 7 ноќевања по лице со вклучен превоз, за минимум две лица во студио/апартман. (Трето и четврто лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз.

Цените БЕЗ * се однесуваат за наем на  студио/апартман за 7 ноќевања без вклучен превоз.

Цените со ознака ПРОМО се цени по лице според соодветниот капацитет

Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.

Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман 

Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:


За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)

За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра) 

Деца до 2 години бесплатно, без седиште


ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ОД  КУМАНОВО, СКОПЈЕ,ВЕЛЕС,КАВАДАРЦИ,НЕГОТИНО и ГРАНИЧЕН ПРЕМИН (Богородица)

 Организиран трансвер за патниците од Битола  и  Прилеп со 5 (310)евра доплата по лице

 За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

 Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. 

Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената .т.а. „Меридијан“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.

 Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

 Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Меридијан“ и на самата агенција. 

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ чиј член и еден од основачите е т.а. „Меридијан“.
Тимот на “Меридијан” ви посакува убаво и спокојно лето, пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели.


БУС 1 – Автобуски превоз според термини од табелата

05:00 часот тргнување од Куманово (пред ресторан Жмара);
06:00 часот тргнување од Скопје (паркинг спроти Саемот хотел ВИП);
06:45 часот тргнување од Велес (Бензинска пумпа Мак Оил Мотел Македонија);
07:30 часот тргнување од Кавадарци (Автобуска станица)

07:40 часот тргнување од Неготино (Пред општина)

08:30 часот Граничен премин Богородица

 

БУС 2 – Автобуски превоз според термини од табелата 

05:30 часот тргнување од Прилеп (Бензинска ЛУКОИЛ), трансфер со минибус до Битола или Кавадарци;
06:30 часот тргнување од Битола (Паркинг Спортска Сала);
07:00 часот граничен премин Меџитлија

Поаѓање од Грција во 14:15 часот по локално време.

НАПОМЕНИ: Собите се преземаат во 13,00 часот на денот на пристигнување, а се напуштаат во 9,00 часот на денот на заминување по локално време;

Задолжително патничко – здравствено осигурување;

Термини