JORGOS HOUSE (53)

 

Jorgos се наоѓа во централниот, најубавиот дел на Лептокарија, на само 10-тина метри од плажата. Има двокреветни и трокреветни полуапартмани, со француски кревети (потесни) по грчки стандарди и одвоена (со врата) кујна, основно опремена со фрижидер, решо, садови и прибор сразмерно со бројот на кревети. Сите кревети се наоѓаат во една просторија. Покрај полуапартманите, кои се на 1. и 2. кат, има и сместувачки единици на приземје, кои се ценовно издвоени. Сите сместувачки единици имаат купатило, пространа тераса со поглед на морето, Tv и клима уред чие користење се доплаќа 4 еур на ден. Постелнината се менува на 5 дена. Во непосредна близина има голем број кафиќи, ресторани и продавници.

 

15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА И КОМПЛЕТНА УПЛАТА ВО ГОТОВО ДО 01.02.2019

10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА И КОМПЛЕТНА УПЛАТА ВО ГОТОВО ДО 01.03.2019

5% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА И КОМПЛЕТНА УПЛАТА ВО ГОТОВО ДО 01.05.2019


 плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден

 Влез во собите е во 16 ч а напуштање во 9 ч

 за хигиената на собите за време на престојот се грижите сами и потребно е истите да ги оставите во чиста состојба (испразнет и исклучен фрижидер на 0, фрлено ѓубре, измиени садови...)

 дозволено е дете до 6 год да го дели креветот со родителите или 2 деца до 10 год да делат еден кревет

 било какви промени за веќе потврдена резервација се наплаќаат 15 еур

 По пристигнувањето потребно е да се јавите на претставникот за да Ве упати како да ја најдете куќата и да Ве регистрира. Доколку не можете сами да ја најдете, претставникот ќе Ве смести најбргу што може

TАКСАТА ЗА ПРЕСТОЈ ВО ВИСИСНА ОД 0,5 ЕУР НА ДЕН ПО СМЕСТУВАЧКА ЕДИНИЦА (СТУДИО/АПАРТМАН/ДУПЛЕКС) ЗА ОВОЈ ОБЈЕКТ СЕ ПЛАЌА ВО АГЕНЦИЈА, ПРИ РЕЗЕРВИРАЊЕ, И ИСТАТА НЕ ПОДЛЕЖИ НА ПОПУСТ!